| четврток, 6 декември 2018 |

Белгиски медиуми: Екстремисти планирале напад врз Европската Комисија во Брисел

Evropska-komisija

Екстремисти планирале атентат против Европската комисија во Брисел, објавија белгиските медиуми.

Според податоци на белгиските безбедносни органи, на почетокот на август нивни соработници на аеродромот во Брисел уапсиле двајца турски државјани, маж и жена, кои пристигнале од Сирија, каде што веројатно војувале на страната на џихадистите. На адреса во Брисел биле пронајдени огнено оружје и панцири.

Според белгиските специјални служби, двајцата уапсени подготвувале терористички напад против Европската комисија, ист каков што претходно беше планиран од сродни екстремисти во Хаг.

– Подготвувале атентат. Една од целите била зградата на Европската комисија во Брисел. Напади врз конкретни еврокомесари не биле планирани. Акцијата требало да наликува на нападот врз Еврејскиот музеј со цел убивање максимален број луѓе – јави Холандската радиокорпорација (НОС), повикувајќи се на анонимни извори.

Белгискиот весник „Еко“ пишуваше дека белгиските власти спречиле неколку напади од страна на џихадисти, кои се вратиле во земјата откако се бореле во Сирија. Во војна во Сирија заминале околу 400 луѓе со белгиско државјанство, од кои околу 90 се вратиле, посочува „Еко“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top