| четврток, 6 декември 2018 |

Од аеродромите во Македонија најмногу се патува за Истанбул и Виена

aerodrom-aleksandar-veliki_608_360

Од аеродромите во Македонија, според дестинациите на патниците, најмногу се патувало во Истанбул, Виена, Цирих, Лондон, Базел, Малме и Белград, соопшти Министерството за транспорт и врски.

Во јуни, јули и август на аеродромите во Скопје и во Охрид зголемен е бројот на превезени патници, споредено со истиот период во 2013 година. За овие три месеци од двата аеродрома во Република Македонија – аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид превезени се вкупно 430.367 патници, а лани за истиот период оваа бројка била 367.473 патници.

Во август имало најголема гужва на аеродромите – превезени биле вкупно 159.153 патници што претставува пораст од 21% во однос на истиот месец лани кога биле превезени 131.486 патници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top