| четврток, 6 декември 2018 |

Премиерот Груевски се надева дека СДСМ ќе покаже зрелост

груевски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, очекува дека кај СДСМ ќе преовлада разумот и дека поединци од таа партија ќе покажат зрелост.

Груевски потенцира дека ваквото неодговорно однесување на најголемата опозициска партија е штетно за целата држава.

-Се надевам дека на некој начин ќе станат разумни и поодговорни и дека ќе покажат зрелост. Станува збор за интереси на државата, а не на поединци во партијата. Ако сакаат да не ја загубат и онаа доверба која ја имаат, мора да покажат грижа. Народот е свесен дека со неодговорното однесување на СДСМ губи државата. Се надевам ќе направат потег кој народот го очекува од нив. Секое нивно посесивно однесување на сите нас, граѓаните, ни прави штета. Секој човек сака да оди напред, да напредуваме. Неможе некој поединец да им го загрози тоа – истакна Груевски.

Тој уште еднаш повтори дека се надева дека поединците од СДСМ ќе најдат сили да направат чекор кој народот го очекува од нив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top