| четврток, 6 декември 2018 |

НАТО ќе ги ревидира односите со Русија

нато

Началниците на генералштабовите на земјите членки на НАТО денеска во Вилнус, главниот град на Литванија се собраа на средба, на која главна тема е преиспитување на односите со Русија.
– Идните односи со Русија го заземаат централното место во денешната дискусија- рече данскиот генерал Кнуд Бартелс, шеф на воениот комитет на НАТО.
Генералите ќе дискутираат за ситуацијата во Украина по потпишаниот договор за прекин на огнот меѓу украинските сили и проруските сепаратисти.
Генералите ќе ја разгледаат и ситуацијата во Сирија, а ќе зборуваат и за напредокот на планираното повлекување на НАТО од Авганистан, што треба да заврши до крајот на годината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top