| четврток, 6 декември 2018 |

Псалтиров ги исполнува критериумите за амбасадор

grujo pak

– Илија Псалтиров не го праќаме за амбасадор во Казахстан затоа што кога бил на 16 или 17 години бил пејач, туку затоа што е доктор на науки по економија, има завршено на најсилните школи во Европа и магистратура и специјалистички студии. Има одлично работно искуство и во банкарството и во консултантските води и на
проекти на ОН и конечно повеќе од една година работи на многу значајни проекти во МНР – рече денеска  премиерот Никола Груевски, објаснувајќи го назначувањето на Псалтиров за амбасадор на РМ во Казахстан.
– Опозицијата понекогаш кога сака да нападне тоа го прави барајќи еден моментум од биографијата на некој амбасадор во случајот, обидувајќи се да го оцрни иако тоа што го извадиле и не е нешто за оцрнување. Имено, тие кажуваат дека сме пратиле пејач во Казахстан. Човекот којшто оди за амбасадор во Казахстан г. Псалтиров го има тоа што многу од СДСМ го немаат и тоа веројатно е најголемата фрустрација зошто толку напаѓаат – рече
Груевски.
Тој појасни делка Псалтиров по завршувањето на Економскиот факултет на државниот Универзитет во Скопје завршува политичка школа, магистерски студии на еден од најпрестижни универзитети во Европа – Политичката школа во Варшава, потоа специјалистички студии во Стразбург во Франција на еден од најпознатите школи финансирани од ОН, и докторира на Економскиот институт во Скопје. Работел во приватниот сектор, во банкарството, во консултантски куќи, на проекти на ОН и од пред повеќе од една
година работи во МНР во делот на Институтот за геостратешки истражувања.
– Се работи за човек којшто одлично говори англиски и француски јазик, а се служи доста добро и со полски, со руски и со грчки јазик. Затоа реков, критикуваат оние коишто сакаат да се фатат на тоа дека тој во младоста бил пејач или било што. Сите ние во младоста сме имале некое хоби или од нешто сме заработувале и тоа е нормално. Ако ги земете најуспешните луѓе во светот, дали се тоа во политиката, дали се тоа во бизнисот, лекари, инженери и сл., сите тие во младоста имале по некакво различно хоби од нивната професија или пак, биле принудени да заработуваат на некој начин работејќи различни видови на работи од физички до некои кои не се можеби физички, се интелектуални, но се многу подложни на подбив, како што сега се обидува тоа да го направи опозицијата – потенцира Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top