| четврток, 6 декември 2018 |

Триесет дневен притвор за косовските имами

Основниот суд во Приштина им изрече мерка притвор во траење од триесет дена на дванаесетте косовските имами, кои беа приведени во средата.

Тоа значи дека во затворски притвор е и имамот на големата џамија во приштина, Шефќет Красниќи. Идентична мерка им е изречена и на другите три лица, кои беа притворени во истата акција. Меѓу нив е лидерот на партијата ЛИСБА, Фуад Рамиќи.

Обвиненито ги товари за учество во терористички групи, потикнување омраза, регрутирање и испраќање лица на боиштата во Сирија и Ирак.

Красниќи дополнително се товари и за перење пари и финансирање тероризам. Во неговата куќа при претресот во средата беше пронајдена и конфискувана голема количина на пари во разна странска валута.

Во знак на солидарност со уапсените имами за вчера попладне преку социјалните мрежи се повикуваше на протест во Приштина, но муфтијата на Исламската верска заедница на Косово, Наим Трнава упати апел до граѓаните да не протестираат и да им веруваат на органите на правдата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top