| четврток, 6 декември 2018 |

Четвртина Американци за одделување од федералните власти

Референдумот за независност на Шкотска, иако заврши со неуспех на сецесионистите ги разбуди желбите за отцепување од федералните власти кај речиси четвртина Американци, покажува синоќа објавената анкета.

Според анкетата на „Ројтерс“ и „Ипсос“ спроведена од 23 август до 16 септември околу 23,9 проценти од Американците силно ја поддржуваат идејата нивната држава да се отцепи, додека 53,3 проценти од испитаниците остро се противат на таквата идеја.

Сецесионистичката идеја е повеќе застапена кај републиканците и жителите на руралните западни американски држави, во споредба со демократите и жителите на североисточните држави.

Анкетата е спроведена на 8.952 испитаници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top