| четврток, 6 декември 2018 |

УЕФА нуди подарок, Македонија е (не)подготвена да го прифати

Европ­ска­та ку­ќа на фуд­ба­лот до­не­се му­дра од­лу­ка да го зго­ле­ми бро­јот на учес­ни­ци на след­но­то Европ­ско пр­венс­тво - од 16 на 24, по­тег што го поз­дра­ви­ја и ги­ган­ти­те и ау­тсај­де­ри­те на ста­ри­от кон­ти­нент. Во Фран­ци­ја ќе игра­ат осум се­лек­ции по­ве­ќе од шам­пи­о­на­тот што го ор­га­ни­зи­раа Пол­ска и Укра­и­на пред две го­ди­ни, а тоа е од­лич­на мож­ност и ма­ке­дон­ска­та се­лек­ци­ја, ко­неч­но, да го на­пра­ви по­треб­ни­от че­кор и прв­пат да на­ста­пи на го­ле­мо нат­пре­ва­ру­ва­ње

Ма­ке­до­ни­ја со те­жок по­раз од Шпа­ни­ја, со 1-5, го поч­на но­ви­от ква­ли­фи­ка­ци­ски цик­лус за на­стап на Европ­ско­то пр­венс­тво во фуд­бал што ќе го ор­га­ни­зи­ра Фран­ци­ја во 2016 го­ди­на. Те­жок по­ра­ди мно­гу сег­мен­ти, иа­ко про­тив акту­ел­ни­от европ­ски пр­вак не се ни оче­ку­ва­ше ус­пех, осо­бе­но не на не­гов те­рен. Играв­ме сла­бо, не­ин­вен­тив­но, бав­но, со мно­гу гре­шки во ос­нов­ни­те еле­мен­ти, па, за жал, уште ед­наш се по­ка­жа де­ка за­о­ста­ну­ва­ме зад ели­та­та и зад европ­ски­от про­сек во мно­гу еле­мен­ти од фуд­бал­ска­та игра.

Вре­ме за ко­рек­ци­ја има, сле­ден ри­вал во гру­па­та Ц ни е Лу­ксем­бург во Скоп­је на 9 октом­ври, а и из­ме­ни­те што ги на­пра­ви УЕ­ФА со дра­стич­но зго­ле­му­ва­ње на бро­јот на учес­ни­ци на ЕП во Фран­ци­ја ну­ди од­лич­на шан­са за исто­ри­ски ре­зул­тат. Прв­пат во исто­ри­ја­та на шам­пи­о­на­тот на ста­ри­от кон­ти­нент ќе игра­ат ду­ри 24 ре­пре­зен­та­ции. До­се­га пра­во на на­стап имаа 16 се­лек­ции. Ма­ке­до­ни­ја не­ма учес­тву­ва­но на го­ле­ми­те нат­пре­ва­ру­ва­ња, ни­ту на Свет­ско, ни­ту на Европ­ско пр­венс­тво.

 

Од­ли­чен ма­не­вар на Пла­ти­ни, се ра­ду­ва­ат и ма­ли­те и го­ле­ми­те

Му­дар по­тег на­пра­ви­ја Ми­шел Пла­ти­ни и не­го­ви­те со­ра­бот­ни­ци во УЕ­ФА со зго­ле­му­ва­ње­то на бро­јот на учес­ни­ци­те на за­врш­ни­от тур­нир од до­се­гаш­ни­те 16 на 24 ре­пре­зен­та­ции. До­би­ва­ат и ма­ли­те и го­ле­ми­те, и фа­во­ри­ти­те и ау­тсај­де­ри­те. Во та­ков фор­мат ре­чи­си е не­воз­мож­но да се слу­чи не­кој од ги­ган­ти­те, од ка­ли­ба­рот на Шпа­ни­ја, Ита­ли­ја, Анг­ли­ја, Хо­лан­ди­ја, Гер­ма­ни­ја, Фран­ци­ја…., да из­ви­си, од­нос­но да не па­ту­ва на ЕП. А, ток­му тоа им се слу­чу­ва­ше на дел од „го­лем­ци­те“ на европ­ски­от фуд­бал на пос­лед­ни­те шам­пи­о­на­ти. Ре­чи­си на си­те, освен на Гер­ман­ци­те кои има­ат кон­ти­ну­и­тет во на­ста­пот на Европ­ско­то пр­венс­тво. На УЕ­ФА и од фи­нан­си­ски ас­пект ѝ од­го­ва­ра бо­га­ти­те зем­ји со огром­на фуд­бал­ска тра­ди­ци­ја да игра­ат на го­ле­ми­те нат­пре­ва­ру­ва­ња, а се ба­ра­ше мо­дел што ве­ќе не­ма да би­де на ште­та на по­ма­ли­те фуд­бал­ски со­ју­зи и зем­ји, кои ба­ра­ат ме­сто под сон­це­то.

Со овој фор­мат и др­жа­ви­те ка­ко Ма­ке­до­ни­ја има­ат го­ле­ма шан­са да ис­пи­шат исто­ри­ја во нај­важ­на­та спо­ред­на ра­бо­та на све­тот – во фуд­ба­лот, игра во ко­ја се вр­тат ми­ли­јар­ди евра и игра што се пре­тво­ри во моќ­на ин­ду­стри­ја. Ма­ги­ја што ја сле­дат огро­мен број гле­да­чи, на­ви­ва­чи, вљу­бе­ни­ци во бу­ба­ма­ра­та.

Спо­ред но­ва­та ше­ма на УЕ­ФА, од се­ко­ја од де­вет­те ква­ли­фи­ка­ци­ски гру­пи две­те нај­до­броп­ла­си­ра­ни се­лек­ции ќе се пла­си­ра­ат на ЕП во Фран­ци­ја, плус и нај­до­бра­та тре­топ­ла­си­ра­на ре­пре­зен­та­ци­ја. Оста­на­ти­те осум зем­ји што ќе го осво­јат тре­то­то ме­сто во гру­пи­те ќе игра­ат ба­раж-дво­меч, па по­бед­ни­ци­те ќе се прик­лу­чат на фуд­бал­ски­от европ­ски са­мит во Фран­ци­ја. За­ед­но со до­ма­ќи­нот тоа се 24 ре­пре­зен­та­ции или ре­чи­си по­ло­ви­на од 54. член­ки на УЕ­ФА.

 

Sport106-2

 

Шпа­ни­ја нѐ по­тсе­ти на ста­ри­те гре­шки

По­ра­зот од Шпа­ни­ја не ве­ту­ва мно­гу, а осо­бе­но нѐ раз­о­ча­ра при­ста­пот кон игра­та на дел од ре­пре­зен­та­тив­ци­те, кон­фу­зи­ја­та на но­ви­от се­ле­ктор Бо­шко Ѓу­ров­ски, не­ло­гич­ни­от из­бор на се­лек­ци­ја­та, та­кти­ка­та, на­чи­нот на кој ѝ се спро­тив­ста­вив­ме на Шпа­ни­ја. На стар­тот од ква­ли­фи­ка­ци­и­те ни­ту нај­го­ле­ми­те оп­ти­ми­сти не оче­ку­ваа по­бе­да, па ни­ту ре­ми про­тив акту­ел­ни­от европ­ски пр­вак во Ва­лен­си­ја. Но, ве­ро­јат­но, си­те оче­ку­ва­ат ко­неч­но да оди­гра­ме бе­ском­про­мис­но, му­дро, без страв и пре­го­лем рес­пект кон про­тив­ни­ци­те. Па, ма­кар тоа би­ла и моќ­на­та Шпа­ни­ја. Ако де­нот се поз­на­ва спо­ред утро­то, не ни се пи­шу­ва до­бро. Исти­те гре­шки ни се по­вто­ру­ва­ат од цик­лус во цик­лус, а не­ма­ме ре­ше­ние за мно­гу бит­ни сег­мен­ти од фуд­бал­ска­та игра. Во ре­пре­зен­та­ци­ја­та, за жал, има­ме мно­гу не­под­го­тве­ни игра­чи, кои не мо­жат да им па­ри­ра­ат на кон­ку­рен­ти­те ни­ту на фи­зич­ки план ни­ту на по­ле­то на тех­ни­ка­та. Не се по­чи­ту­ва­ат обич­ни­те фуд­бал­ски пра­ви­ла на­ци­о­нал­ни­от дрес да го но­сат нај­до­бри­те фуд­ба­ле­ри што ги има на рас­по­ла­га­ње Ма­ке­до­ни­ја, тие што се ма­кси­мал­но под­го­тве­ни за пре­диз­ви­кот да се оди­гра на­по­рен и те­жок цик­лус на ква­ли­фи­ка­ции со, на хар­ти­ја, по­до­бри од нас. Во пр­ви­от со­став да на­ста­пу­ва­ат са­мо тие што игра­ат ре­дов­но во сво­и­те клу­бо­ви, што не се пла­шат од ни­ту еден про­тив­ник, што ќе се бо­рат до пос­ле­ден здив за ус­пех, за бо­до­ви, за плас­ман на ЕП во Фран­ци­ја.

Зо­што Шпа­ни­ја, Укра­и­на, Сло­вач­ка и Бе­ло­ру­си­ја, кои ни се глав­ни ри­ва­ли во гру­па­та Ц , се по­до­бро ран­ги­ра­ни од нас, има­ат по­до­бар клуп­ски и ре­пре­зен­та­ти­вен фуд­бал, по­ви­сок реј­тинг, по­ус­пеш­на фуд­бал­ски исто­ри­ја. Ме­сто за ЕП 2016 во Фран­ци­ја има за две, најм­но­гу три, ре­пре­зен­та­ции од гру­па­та. Шан­са­та е пред нас, ква­ли­фи­ка­ци­и­те са­мо што поч­наа, но ни тре­ба мно­гу по­се­ри­о­зен при­стап за да се иско­ри­сти по­да­ро­кот што го ну­ди УЕ­ФА. Шпа­ни­ја и по­ра­зот од 1-5 се ми­на­то, на ред е Лу­ксем­бург – се­лек­ци­ја ко­ја е прог­ла­се­на за ау­тсај­дер во гру­па­та Ц, но и ре­пре­зен­та­ци­ја што знае да из­не­на­ди. Впро­чем, игра­чи­те од оваа се­лек­ци­ја стар­ту­ваа со ре­ми, 1-1, про­тив Бе­ло­ру­си­ја и по­твр­ди­ја де­ка ќе би­дат тврд орев и мош­не нез­го­ден ри­вал ако би­дат пот­це­не­ти.

 

(Пишува: Зоран Поповски
Текст објавен во 106. број на неделникот „Република“, 12.09.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top