| четврток, 6 декември 2018 |

Да живеев во тоа време, ќе бев револуционер

Ма­ке­дон­ски­от актер по­втор­но ја игра глав­на­та уло­га во дол­го­ме­тра­жен филм, кој пуб­ли­ка­та би са­ка­ла да го ви­ди ка­ко наш прет­став­ник за на­гра­да­та „Оскар“. Мо­же­би те­а­та­рот „Ко­дак“ во Лос Ан­џе­лес, се­пак, сѐ уште е са­мо ап­стракт­на имен­ка, но Ко­цев ве­ру­ва де­ка ова е филм што вре­ди, и по­крај си­те пре­мре­жи­ња низ кои по­ми­на сни­ма­ње­то. „До бал­чак“ на Сто­ле По­пов, ко­неч­но, ќе ја до­жи­вее сво­ја­та пре­ми­е­ра на филм­ски­от фе­сти­вал „Бра­ќа Ма­на­ки“ во Би­то­ла

Ка­ко се слу­чи го­ди­на­ва на „Ма­на­ки“ да те гле­да­ме во ду­ри че­ти­ри фил­ма?
Ко­цев: Епа, Мар­фи – не­ма, не­ма, па ко­га ќе се за­ре­ди. Пр­во, „До Бал­чак“, тоа е го­ле­ма­та, глав­на уло­га и го­ле­ми­от филм, по­тоа ед­на епи­зо­да кај Ми­три­ќе­ски, ко­ја не сум си­гу­рен да­ли оста­на­ла во мон­та­жа, обич­но мно­гу од епи­зо­ди­те се по­доц­на исе­че­ни, скра­те­ни, по­ра­ди вре­ме­тра­е­ње и кон­ти­ну­и­тет, но мис­лам де­ка не е мо­ја­та, по­тоа сту­дент­ски филм на Ди­на Ду­ма и има еден филм за Бу­ку­ре­шки­от до­го­вор, игра­но-до­ку­мен­та­рен филм на Или­ја Пи­пер­ков­ски, кој не сум си­гу­рен да­ли е за­вр­шен, не сум се чул со не­го, но има­ше нај­а­ва де­ка ќе би­де про­мо­ви­ран на Ма­на­ки, та­ка што оваа го­ди­на, ве­ро­јат­но, ќе би­дат че­ти­ри фил­ма…

 

Имаш ли и че­ти­ри ко­сту­ми?
Ко­цев: За­мис­ли да тре­ба­ше, па бан­крот! Спон­зор, спон­зор! (се смее)

 

Sasko-Kocev-int106-2

„До бал­чак“, ка­ко и „Тре­то по­лу­вре­ме“, е дол­го­о­че­ку­ван филм, а и тој сво­ја­та про­мо­ци­ја ќе ја има на фе­сти­ва­лот „Бра­ќа Ма­на­ки“. Имаш ли тре­ма за­тоа што по­втор­но прв­пат ќе би­де при­ка­жан пред би­тол­ча­ни? Се­пак, зна­ат да би­дат мал­ку нез­год­ни ка­ко кри­ти­ча­ри.
Ко­цев: Па, ви­ди, не мо­жат да ми ја пре­ки­нат прет­ста­ва­та, се­пак е филм, па не­ се гри­жам. Зна­чи, не мо­жат да ме ма­ва­ат со до­ма­ти, за­тоа што не сум на сце­на (се смее). Да, би­тол­ча­ни се со мно­гу истен­чен вкус, не са­мо по­ра­ди „Ма­на­ки“, ту­ку во­оп­што тој град е со та­ков дух, но ние ве­ќе се спри­ја­те­лив­ме. Тој филм го сни­мав­ме та­му и оста­нав­ме че­ти­ри ме­се­ци, па ве­ќе сме на „ти“ со би­тол­ча­ни.

 

Иа­ко сѐ уште го не­маш пог­лед­на­то фил­мот, не­кол­ку па­ти из­ја­ви де­ка имаш го­ле­ми оче­ку­ва­ња за не­го. Во ед­на при­го­да ре­че де­ка еве, иа­ко се слу­чи та­ка, и со по­мал хо­но­рар не ти е кри­во што си во не­го…
Ко­цев: Тоа бе­ше филм што има­ше мно­гу по­го­лем бу­џет од дру­ги­те на­ши фил­мо­ви, но и чи­не­ше мно­гу, па та­ка што… Не, не ми е би­тен хо­но­ра­рот, во­оп­што. Се­га ме пра­шаа и да­ли ќе одам во Би­то­ла би­деј­ќи про­дук­ци­ја­та сѐ уште не е раз­дол­же­на со нас и мно­гу ко­ле­ги во знак на про­тест не­ма да одат, јас ре­ков де­ка има ад­во­ка­ти, има суд и из­вр­ши­те­ли за тој долг, а тоа, па, и не е не­кој долг што ќе нѐ на­пра­ви си­ро­маш­ни. Нас мо­же да нѐ на­пра­ви си­ро­маш­ни са­мо ло­ш филм. Да не оти­дам на тој филм за ме­не е исто ка­ко да не са­кам да си го ви­дам де­те­то за­тоа што сум се пот­ска­рал со же­на­та.

 

Ве­ру­ваш во фил­мот, зас­лу­жу­ва ли, на­ви­сти­на, да за­ми­не на „Оскар“.
Ко­цев: Да, ве­ру­вам во фил­мот, но којз­нае, да се стиг­не до „Оскар“ е мно­гу те­шка ра­бо­та и не ве­ру­вам во тоа…

 

Sasko-Kocev-int106-3

 

Зна­чи, не е до фил­мот?
Ко­цев: Има вр­ска со фил­мот, но мно­гу мал­ку за­ви­си од не­го. Тоа се ло­би-гру­пи, па­ри, ло­би­ра­ње… Ка­ко што ми об­јас­ну­ва­ше пре­тсе­да­те­лот на филм­ски ра­бот­ни­ци ми­на­та­та го­ди­на, ние тре­ба да го пра­ти­ме фил­мот, па во те­ков­но­то вре­ме до до­де­лу­ва­ње­то на на­гра­ди­те „Оскар“ тре­ба да го гле­да­ат, да ре­че­ме, од сто чле­но­ви на ака­де­ми­ја­та, по­ве­ќе од пе­де­сет, па ду­ри то­гаш да оди во се­лек­ци­ја за „Оскар“. Зна­чи тре­ба да оди по фе­сти­ва­ли, да до­а­ѓа­ат да го гле­да­ат, да би­де еви­ден­ти­ра­но де­ка би­ле на фе­сти­ва­ли­те, зна­чи мно­гу, мно­гу е те­шко тоа…

 

Ка­ко го из­др­жа сни­ма­ње­то. Тоа се че­ти­ри ме­се­ци со бра­да, ко­са, шмин­ка, ко­мит­ска об­ле­ка, се­то тоа те­жи…
Ко­цев: Со со­пру­га­та се­га прег­ле­ду­вав­ме не­кои фо­то­гра­фии и ко­га се ви­дов со му­ста­ќи, бра­да, ко­са… Бра­да­та во фил­мот и не ми е мно­гу го­ле­ма, но ме­ѓу сни­ма­ња­та, на при­мер, не­ко­гаш не­мав па­у­зи од по ед­на не­де­ла, де­сет де­на, ко­га ќе по­рас­не­ше мно­гу, а не сме­ев да ја чеп­кам. Ѝ ве­лам на со­пру­га­та ка­ко си ме тр­пе­ла, ви­ди ме ка­ков сум, ка­ко оној од цр­та­ни­те, Јо­се­ми­ти Сем… Но, тоа го за­бо­ра­вив­ме бр­гу, бр­гу, мо­ја­та бра­да бе­ше та­ква че­ти­ри ме­се­ци сни­ма­ње и еден ме­сец по­тоа, во слу­чај да не има­ме про­пу­ште­но не­што, и прет­ход­но уште три ме­се­ци си­гур­но, до­де­ка да по­рас­не, зна­чи осум-де­вет ме­се­ци, но тоа ми ста­на дел од жи­ве­е­ње­то. Во­оп­што не е проб­лем што имав бра­да, ни­ту, пак, им бев чу­ден на тие до ме­не ко­га ќе ме ви­деа, исто ка­ко ко­га ќе ме ви­дат лу­ѓе­то слаб и ме пра­шу­ва­ат да­ли сум до­бар. До­бар сум, ви­кам, се др­жам.

 

Sasko-Kocev-int106-4

 

Би се сна­шол ли во тоа вре­ме, би бил ли тол­ку акти­вен?
Ко­цев: За вре­ме на сни­ма­ње­то со па­ме­тот дол­го вре­ме бев­ме пре­фр­ле­ни во тоа вре­ме, та­ка што, да, да, би бил ток­му та­ков, ре­во­лу­ци­о­нер.

 

Во пос­лед­но вре­ме бе­ше акту­е­лен со прет­ста­ва­та „Не се кла­ди на Енг­ле­зи“. На што ра­бо­тиш во мо­мен­тов?
Ко­цев: Во мо­мен­тов ра­бо­там на еден текст, кој, си­гур­но, си­те го зна­ат, а јас прв­пат ко­га го про­чи­тав ме шо­ки­ра­ше, т.е ро­ман, „Мај­сто­рот и Мар­га­ри­та“ на Бул­га­ков, го ра­бо­ти­ме со наш ма­ке­дон­ски ре­жи­сер што жи­вее во Мос­ква, Иво По­пов­ски. Тоа е еден од при­о­ри­тет­ни­те про­е­кти на МНТ и ве­ру­вам де­ка ќе има­ме од­лич­на прет­ста­ва, но не сум си­гу­рен ко­га ќе из­ле­зе пре­ми­е­ра за­тоа што ма­те­ри­ја­лот е мно­гу обе­мен и ние не зна­е­ме, ќе по­трае си­гур­но, но ќе би­де од­лич­но.

 

Не­ка­ко си­те овие про­е­кти се по­се­ри­оз­ни, се на­ѕи­ра ли не­што по­ве­се­ло од те­бе или ќе че­ка­ме до след­на­та „Бу­ба­ма­ра“?
Ко­цев: По­ве­сел про­ект во мо­мен­тов… Па, сти­га­ат по­ве­ќе по­ну­ди од про­дук­ции, но се­ко­ја го­ди­на од­би­вам по­ра­ди не­што, оваа го­ди­на од­би­вам за­тоа што сни­мам филм во Сло­ве­ни­ја и во Ср­би­ја. Тоа е фил­мот „Би­ќе­мо пр­ва­ци све­та“ на Дар­ко Ба­јиќ за 1970 го­ди­на, ко­га Ју­гос­ла­ви­ја ста­на­ла свет­ски шам­пи­он во ко­шар­ка. Имам ед­на епи­зод­на уло­га, ма­ла е по зна­че­ње за фил­мот, но за ме­не е го­ле­ма уло­га за­тоа што, се­пак, тоа е стран­ска про­дук­ци­ја и мо­же да отво­ри не­кои дру­ги вра­ти. Тоа се исти­те про­ду­цен­ти од „Мон­те­ви­део“.

 

Sasko-Kocev-int106-5

 

Што се слу­чу­ва со тво­и­те стен­дап-на­ста­пи?
Ко­цев: Во Бел­град и во Љуб­ља­на имам до­го­во­ре­ни стен­дап-на­ста­пи, не­о­дам­на бев во Љуб­ља­на на еден го­лем фе­сти­вал „Панч-фе­сти­вал“, а се­га сум на „Стен­дап-фест“ во Ср­би­ја. Та­ка што, до­де­ка сни­мам на Блед­ско Езе­ро во Сло­ве­ни­ја, Љуб­ља­на ми е бли­ску.

 

Прет­по­ста­ву­вам на на­ста­пи­те збо­ру­ваш на срп­ски, ка­ко ти оди?
Ко­цев: Се гле­дав на сним­ка, ми пра­ти про­ду­цен­тка­та, пуб­ли­ка­та ужи­ва, не­ма ја­зич­на преч­ка, но јас не са­кам да го об­ја­вам на со­ци­јал­ни­те мре­жи за­тоа што ќе ме иски­не­те за мо­јот срп­ски ја­зик. Јас си­те ве­че­ри ги отво­рам со тој му­а­бет, да ми из­ви­нат би­деј­ќи тоа не ми е мај­чин ја­зик, а јас сум нај­страш­на­та ва­ри­јан­та. Јас сум од Ку­ма­но­во, а та­му има про­срп­ски вли­ја­ни­ја и ние мис­ли­ме де­ка зна­е­ме срп­ски, тоа е уште по­страш­на ва­ри­јан­та.

 

Те има во мно­гу про­е­кти, мно­гу фил­мо­ви, сме­таш ли де­ка ли­це­то е не­што што мо­же да ѝ здо­дее на пуб­ли­ка­та, де­ка мо­же да се по­тро­ши?
Ко­цев: Не­ма ре­цепт за тоа, не мо­жеш да ка­жеш мис­ле­ње. Еве ова ле­то по­мис­лив, ви­ди во пос­лед­ни­те че­ти­ри го­ди­ни има­ше по не­кој филм, ма­кар се­ри­ја, епи­зо­да, а се­га ни­што, мо­же­би тол­ку од ме­не. По­тоа се ја­ви ма­ке­дон­ска­та ко­про­дук­ци­ја што бе­ше со Ср­би­те, ми се ја­ви­ја за фил­мот, та­ка што во мо­мен­ти­те на раз­о­ча­ру­ва­ње до­а­ѓа не­што уба­во. Тоа си те­че, не зна­еш што ќе ти се слу­чи во­оп­што. Се­ка­ко, ли­кот е по­тро­шен ма­те­ри­јал и, во­оп­што, кре­а­тив­но­ста, тоа по­себ­но го за­бе­ле­жу­вам во од­нос на стен­дап-ко­ме­ди­и­те. Ток­му по­ра­ди тоа на­ста­пу­вам мно­гу ре­тко би­деј­ќи ни­ка­де не са­кам да оти­дам со ист ма­те­ри­јал. Дру­го е гру­па, одат во клуб, има­ат 50 пес­ни и ги сви­рат, ни­кој не ги гле­да и по­тоа се чу­дат зо­што не­ма ап­ла­уз, па за­тоа што не им е из­не­на­ду­вач­ки. Јас сум че­сен кон пуб­ли­ка­та. Та­му тоа се чув­ству­ва најм­но­гу, за­тоа што си сам и ти тре­ба мно­гу ма­те­ри­јал, а ефе­кти­вен. На при­мер, ќе на­пи­шам 20 стра­ни­ци, па ко­га ќе фа­там да кра­там оста­ну­ва ед­на стра­ни­ца бе­ден текст, кој до­пр­ва тре­ба да се шмирг­ла. На еден од пос­лед­ни­те стен­дап-на­ста­пи во еден дом на кул­ту­ра, во еден град во Ма­ке­до­ни­ја, ди­ре­кто­рот и гра­до­на­чал­ни­кот ме за­мо­ли­ја да на­пра­вам два. Јас ре­ков не. Ми ве­леа де­ка сум бу­да­ла, де­ка мо­жам да зе­мам па­ри, ток­му по­ра­ди тоа од­бив, ме­не тоа не­ма да ме на­пра­ви бо­гат што ќе зе­мам па­ри, а јас ќе се вло­жам 100 про­цен­ти на пр­ви­от пер­фор­манс, а на вто­ри­от ни 50, из­мо­рен и со стар ма­те­ри­јал, кој не ми е пре­диз­вик, и не­ка­ко тоа ми се ви­де не­чес­но.

 

(Разговараше: Марина Костовска | Фото: Александар Ивановски
Текст објавен во 106. број на неделникот „Република“, 12.09.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top