Коалицијата за РЕКОМ денеска порача, по повод Меѓународниот ден на мирот – 21 септември, дека владите во постјугословенските земји имаат обврска да обезбедат мир без страв од избивање на нова војна и повторување на воените злосторства и оти е неопходно да изградадат добрососедски односи, врз основа на почитување на фактите и достоинството на сите жртви.
РЕКОМ нагласува дека има потенцијал да им помогне на владите во исполнувањето на тие обврски, па Коалицијата за РЕКОМ ги повикува сите земји, наследнички на некогашна СФРЈ, да покренат постапка за основање регионални комисии за утврдување на фактите за воените злосторства и другите тешки кршења на човековите права.
Утврдувањето на тие факти, се наведува во соопштението на РЕКОМ, се однесува на периодот од 1991 до 2001 година.
Колицијата РЕКОМ обединува 2.050 невладини организации за човекови права, здруженија, бегалци, семејства на исчезнати, уметници, писатели, правници и други поединци, кои го делат мислењето дека единствено регионален пристап може да обезбеди сеопфатен историски запис за тоа што се случило во минатото и на тој начин да помогнат да се обезбеди одржлив и долготраен мир на просторот на некогашна СФРЈ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хорор куќа на Балканот која ги „убила“ сите сопственици
-
Невреме над Балканот, девојче загина од удар на гром
-
Возачите на Балканот во паника: Пристига новиот радар со кој полицијата ќе може освен брзината, да детектира и дали зборувате на телефон!
-
Џабе работи, џабе не седи: Во Луксембург за еден час се заработува колку на Балканот за цел ден



