| четврток, 6 декември 2018 |

РЕКОМ: Придонес кон трајниот мир на Балканот

Коалицијата за РЕКОМ денеска порача, по повод Меѓународниот ден на мирот – 21 септември, дека владите во постјугословенските земји имаат обврска да обезбедат мир без страв од избивање на нова војна и повторување на воените злосторства и оти е неопходно да изградадат добрососедски односи, врз основа на почитување на фактите и достоинството на сите жртви.

rekom

РЕКОМ нагласува дека има потенцијал да им помогне на владите во исполнувањето на тие обврски, па Коалицијата за РЕКОМ ги повикува сите земји, наследнички на некогашна СФРЈ, да покренат постапка за основање регионални комисии за утврдување на фактите за воените злосторства и другите тешки кршења на човековите права.

Утврдувањето на тие факти, се наведува во соопштението на РЕКОМ, се однесува на периодот од 1991 до 2001 година.

Колицијата РЕКОМ обединува 2.050 невладини организации за човекови права, здруженија, бегалци, семејства на исчезнати, уметници, писатели, правници и други поединци, кои го делат мислењето дека единствено регионален пристап може да обезбеди сеопфатен историски запис за тоа што се случило во минатото и на тој начин да помогнат да се обезбеди одржлив и долготраен мир на просторот на некогашна СФРЈ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top