| четврток, 6 декември 2018 |

Визии наспроти дневна политика

И по­втор­но Де­нот на ма­ке­дон­ска­та др­жав­ност не ус­пеа да ги спло­ти акте­ри­те на по­ли­тич­ка­та сце­на. Ни­ту, пак, де­лум­но да ги усог­ла­си нив­ни­те по­ра­ки. Гру­ев­ски упа­ти че­сти­тка оста­вај­ќи го де­нот и цен­трал­ни­от на­стан, Све­че­на­та ака­де­ми­ја, на пре­тсе­да­те­лот на Со­бра­ни­е­то. За­ев, пак, по­втор­но, сла­ве­ше свој праз­ник, во „дув­ло­то на вмров­шти­на­та“

Ма­ке­до­ни­ја ја прос­ла­ви 23-го­диш­ни­на­та од не­за­вис­но­ста. Два­е­сет и три го­ди­ни сопс­тве­на др­жа­ва. Иде­ал на не­бро­е­ни Ма­ке­дон­ци, кои го по­ло­жи­ја сво­јот жи­во­ти и жи­во­тот на сво­и­те бли­ски во ве­ков­на­та бор­ба со тој збор на ус­ни­те.

Ма­ке­до­ни­ја по 8 сеп­тем­ври 1991 го­ди­на е са­мо­стој­на др­жа­ва, приз­на­е­на од све­тот, др­жа­ва што е кан­ди­дат за членс­тво во нај­го­ле­ми­те свет­ски во­е­но-по­ли­тич­ки ор­га­ни­за­ции, со чи­и­што член­ки стои ра­мо до ра­мо пред гло­бал­ни­те пре­диз­ви­ци. И са­ма­та стои пред пре­диз­ви­ци, чи­и­што ко­ре­ни до­се­га­ат да­ле­ку во исто­ри­ја­та. Исти­те пре­диз­ви­ци за кои се ле­е­ла кр­вта ма­ке­дон­ска.

Тоа го по­чи­ту­ва­ат и свет­ски­те ли­де­ри и свет­ска­та јав­ност, ко­ја не про­пу­шта мож­ност да ја че­сти­та хра­бро­ста и истрај­но­ста во таа бор­ба. Бор­ба што Ма­ке­до­ни­ја ја по­ми­на­ла до сво­ја­та не­за­вис­ност, но и ко­ја ѝ прет­стои ка­ко дел од гло­бал­ни­те пре­диз­ви­ци.

До­ма, пак, во ре­пуб­ли­ка­та, и оваа го­ди­на, за жал, не се смог­наа си­ли за за­ед­нич­ка прос­ла­ва на нај­го­ле­ми­от др­жа­вен праз­ник. И по­втор­но опо­зи­ци­ја­та од­би да при­сус­тву­ва на за­ед­нич­ко од­бе­ле­жу­ва­ње на Де­нот на не­за­вис­но­ста. Опо­зи­ци­ја­та и овој пат се оби­де Де­нот на ма­ке­дон­ска­та др­жав­ност да го иден­ти­фи­ку­ва ка­ко пар­ти­ски праз­ник имај­ќи ги пред очи тес­но­пар­ти­ски­те днев­но­по­ли­тич­ки ин­те­ре­си.

И овој пат ма­ке­дон­ска­та опо­зи­ци­ја не бе­ше при­сут­на на Све­че­на­та ака­де­ми­ја по по­вод 23 го­ди­ни ма­ке­дон­ска не­за­вис­ност. От­та­му бе­ше ис­пра­те­на по­ра­ка­та од пре­тсе­да­те­лот на Со­бра­ни­е­то де­ка ток­му од­бе­ле­жу­ва­ње­то на 8 Сеп­тем­ври е на­ша за­ед­нич­ка мож­ност да ги ре­а­фир­ми­ра­ме за­ед­нич­ки­те вред­но­сти и да ја об­ли­ку­ва­ме за­ед­нич­ка­та свест кон овој исто­ри­ски ден.

Ос­ми сеп­тем­ври е де­нот на на­ша­та нај­го­ле­ма со­вре­ме­на по­бе­да и ос­тва­ру­ва­ње на со­нот на нај­де­мо­крат­ски на­чин, пре­ку ре­фе­рен­дум и ре­ши­тел­ност на гра­ѓа­ни­те на Ма­ке­до­ни­ја да соз­да­дат сво­ја не­за­вис­на др­жа­ва, Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. Нам ни бе­ше до­ве­ре­но да го ре­а­ли­зи­ра­ме стре­ме­жот на мно­гу ге­не­ра­ции и хе­рои во соз­да­ва­ње­то со­вре­ме­на де­мо­крат­ска др­жа­ва, во ко­ја ќе има хар­мо­ни­ја и раз­би­ра­ње, спло­те­ност и единс­тво, ви­зи­ја за на­пред­на и сил­на Ма­ке­до­ни­ја – из­ја­ви тој.

Ко­ле­ктив­на­та ме­мо­ри­ја­та на ма­ке­дон­ски­от на­род се по­ви­ка на сли­ка­та на нај­го­ле­ма­та прос­ла­ва на не­за­вис­но­ста, неј­зи­на­та 20-го­диш­ни­на, ко­га опо­зи­ци­ја­та не смог­на си­ли да при­сус­тву­ва на прос­ла­ва­та на пло­шта­дот „Ма­ке­до­ни­ја“ во цен­та­рот на Скоп­је. Ка­ко што на исто ме­сто, до­да­ва­ат све­до­ци­те од тоа вре­ме, чле­но­ви на иста­та пар­ти­ја, но со ста­ро­то име, не дој­доа на исти­от тој пло­шта­д, но со име­то „Мар­шал Ти­то“, да го прос­ла­ви ре­зул­та­тот на ре­фе­рен­дум­ско­то из­јас­ну­ва­ње.

 

Три кру­ши – прос­ла­ва на др­жав­но­ста или пар­ти­ски бан­кет

Де­нот на не­за­вис­но­ста ја по­ка­жа за­вис­но­ста на нај­го­ле­ма­та опо­зи­ци­ска пар­ти­ја на по­ли­тич­ка­та сце­на. Ја по­ка­жа се­бич­но­ста и тес­но­пар­ти­ски­те, но и тес­но­гра­ди ин­те­ре­си на опо­зи­ци­ја­та. Ни­кој од СДСМ не со­бра хра­брост во име на др­жав­но­ста да дој­де на све­че­на­та прос­ла­ва на Ос­ми сеп­тем­ври. Ли­де­рот на опо­зи­ци­ја­та Зо­ран За­ев не ја над­ми­на днев­но­по­ли­тич­ка­та уло­га што ја игра и да при­сус­тву­ва на све­че­на ака­де­ми­ја во Ма­ке­дон­ски­от на­ро­ден те­а­тар, ка­де што беа од­бе­ле­жа­ни 23 го­ди­ни од фор­ми­ра­ње­то на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја ка­ко су­ве­ре­на и са­мо­стој­на др­жа­ва. Таа др­жа­ва што тој ка­ко ли­дер на опо­зи­ци­ја­та во­ди би­тка да ја во­ди. За чиј­што пре­ми­ер се наз­на­чу­ва­ше пре­ку из­бор­ни­те ми­кро­фо­ни пред не­кол­ку ме­се­ци.

Ка­ко Ос­ми сеп­тем­ври да не е праз­ник на си­те гра­ѓа­ни во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. Ка­ко Ос­ми сеп­тем­ври да е праз­ник на СДСМ или на оп­штин­ска­та ор­га­ни­за­ци­ја во Ки­се­ла Во­да или на Мес­на­та за­ед­ни­ца во Дра­че­во. СДСМ по­втор­но се двои од др­жа­ва­та, од др­жав­но­ста, од на­ро­дот, од спо­де­лу­ва­ње­то на суд­би­на­та и на ра­до­ста со на­ро­дот, ко­му по­тоа и би са­кал да му се обра­ти од таа при­вид­на пар­ти­ска игран­ка.

И ток­му го­во­рот упа­тен од Три кру­ши по­втор­но по­со­чу­ва на тес­но­пар­ти­ски­те ин­те­ре­си на си­от чин, на пар­ти­ски­те оцен­ки за мо­мент­ни­те со­стој­би, без ни­ка­ков све­чен или, пак, обе­ди­ну­вач­ки мо­мент, кој би со­од­вет­ству­вал на де­нот.

Од на­деж­на зем­ја, Ма­ке­до­ни­ја ста­на зем­ја на без­на­деж­но­ста. Од зем­ја на си­те гра­ѓа­ни, Ма­ке­до­ни­ја ста­на зем­ја на по­е­дин­ци. Од сло­бод­на зем­ја, одам­на ос­ло­бо­де­на од ту­ѓи по­ро­бу­ва­чи, Ма­ке­до­ни­ја ста­на оку­пи­ра­на зем­ја од до­маш­ни по­ро­бу­ва­чи, зем­ја што по­втор­но тре­ба да се ос­ло­бо­ду­ва. Од пра­вед­на зем­ја, Ма­ке­до­ни­ја ста­на зем­ја на не­прав­да­та – се дел од збо­ро­ви­те на За­ев.

Се­ка­ко, ка­ко да не се ра­бо­ти за по­ра­ка од опо­зи­ци­ски ли­дер до си­те гра­ѓа­ни во др­жа­ва­та, За­ев и оваа при­го­да ја иско­ри­сти за тес­но­пар­ти­ски днев­но­по­ли­тич­ки го­вор.

Ни­кој да не­ма ди­ле­ма де­ка Со­ци­јал­де­мо­крат­ски­от со­јуз ќе по­пу­шти во сво­ја­та ре­ши­тел­ност да ја обез­бе­ди сло­бод­на­та вол­ја на гра­ѓа­ни­те и да го вра­ти до­сто­инс­тво­то на на­ро­дот и на де­мо­кра­ти­ја­та во зем­ја­та. Овој пат, не­ма по­пу­шта­ње. Не од ина­ет. Не функ­ци­о­ни­ра СДСМ со ина­ет. Не е доз­во­ли­во по­пу­шта­ње по­ра­ди об­вр­ска­та кон гра­ѓа­ни­те и кон др­жа­ва­та, кои тоа го оче­ку­ва­ат од Со­ци­јал­де­мо­крат­ски­от со­јуз. Да ги за­шти­ти од пос­ле­ди­ци­те што ги оста­ва оваа власт врз нив­ни­от жи­вот, врз нив­ни­те се­мејс­тва, врз зем­ја­та. За­тоа вла­ста тре­ба да знае, ако се ре­шат на пре­го­во­ри, тие пре­го­во­ри мо­ра да обез­бе­дат и за­кон­ски и пра­ктич­ни га­ран­ции за фер и де­мо­крат­ски из­бо­ри. Ка­ко са­ка вла­ста та­ка не­ка ги на­ре­че на­ши­те ба­ра­ња, но мо­ра да има за­кон­ски и пра­ктич­ни га­ран­ции за фер и де­мо­крат­ски из­бо­ри – до­да­ва За­ев.

Ду­ри и во ин­фор­ма­ци­и­те за овој пар­ти­ски со­бир во вес­ни­ци­те бли­ски до опо­зи­ци­ја­та се на­ве­ду­ва де­ка Три кру­ши е из­лет­нич­ко ме­сто над скоп­ско Дра­че­во, ме­сто за кое од СДСМ ве­лат де­ка е „вмров­ско упо­ри­ште“. До­кол­ку цел­та на со­би­рот е да се кри­ти­ку­ва акту­ел­на­та власт, за тоа по­сто­јат ба­рем уште 360 дру­ги де­но­ви и при­го­ди. Ду­ри и со игра и пес­на сре­де ова или кое би­ло дру­го „вмров­ско упо­ри­ште“.

 

Че­сти­тка со по­вик за спло­те­ност

Пре­ми­е­рот Ни­ко­ла Гру­ев­ски, пак, во сво­ја­та че­сти­тка за Де­нот на не­за­вис­но­ста по­со­чи де­ка 8 Сеп­тем­ври е праз­ник што прет­ста­ву­ва ос­тва­ру­ва­ње и кон­ти­ну­и­тет на тру­дот, вло­жу­ва­ња­та и по­жр­тву­ва­но­ста на мно­гу ге­не­ра­ции гра­ѓа­ни што жи­ве­ат со мис­ла­та за сло­бод­на и са­мо­стој­на др­жа­ва, но и ден со кој се праз­ну­ва и му­дра­та од­лу­ка на огром­но­то мно­зинс­тво гра­ѓа­ни, кои за­о­кру­жи­ја „да“ и се опре­де­ли­ја за са­мо­стој­на Ма­ке­до­ни­ја.

„Оваа го­ди­на се од­бе­ле­жу­ва­ат 23 го­ди­ни од не­за­вис­но­ста на др­жа­ва­та, го­ди­ни низ кои гра­ѓа­ни­те по­ка­жаа зре­лост, му­дрост и ка­па­ци­тет, го­ди­ни на пре­диз­ви­ци, на ус­пе­си и на пре­мре­жи­ња, но и вре­ме низ кое по­ка­жав­ме ка­ко др­жа­ва де­ка уме­е­ме да се но­си­ме со го­ле­ма­та од­го­вор­ност да се упра­ву­ва сопс­тве­на­та суд­би­на и да се до­не­су­ва­ат са­мо­стој­но од­лу­ки. Де­нес Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја има цвр­сто пред­ви­де­ни це­ли и ви­зи­ја. На­ша­та нај­го­ле­ма за­да­ча е да го по­до­бри­ме жи­во­тот на гра­ѓа­ни­те, да отво­ра­ме но­ви ра­бот­ни ме­ста и да при­до­не­се­ме за еко­ном­ски раз­вој и оп­штес­твен на­пре­док, кој др­жа­ва­та ќе ја на­пра­ви по­сил­на, а гра­ѓа­ни­те по­среќ­ни и си­гур­ни. Тоа е за­да­ча во ко­ја си­те тре­ба да при­до­не­су­ва­ме, но и на­ша об­вр­ска за ид­ни­те по­ко­ле­ни­ја“, стои во че­сти­тка­та на пре­ми­е­рот Гру­ев­ски.

„Ме­ѓу­себ­но­то по­чи­ту­ва­ње и единс­тво­то е тоа што мо­же да нѐ од­не­се по­на­пред и кон по­бр­зо ос­тва­ру­ва­ње на овие на­ши це­ли би­деј­ќи единс­тво­то гра­ди ид­ни­на. Се­кој од нас има сон и идеи за сво­ја­та ид­ни­на, но тоа што е нај­важ­но е иде­ја­та за за­ед­нич­ка ид­ни­на. Иде­ја­та де­ка са­мо спло­те­ни во единс­тво мо­же­ме за­ед­но да из­гра­ди­ме си­гур­на ид­ни­на за ус­пеш­на Ма­ке­до­ни­ја“, истак­ну­ва Гру­ев­ски во че­сти­тка­та по по­вод 8 Сеп­тем­ври.

На оваа по­ра­ка се на­до­вр­зу­ва­ат и збо­ро­ви­те при отво­ра­ње­то на про­ши­ре­ни­от и ре­кон­стру­и­ран бу­ле­вар „Тре­та ма­ке­дон­ска бри­га­да“ во Скоп­је.

Зна­е­ме да ка­же­ме де­ка се­ко­ја ге­не­ра­ци­ја има сво­ја бор­ба. Бор­ба­та на на­ша­та ге­не­ра­ци­ја, ме­ѓу дру­го­то, е да обез­бе­ди прос­пе­ри­тет и бла­го­со­стој­ба, да им оста­ви на ид­ни­те по­ко­ле­ни­ја по­до­бро ме­сто за жи­ве­е­ње. За да ус­пе­е­ме во тоа по­треб­но е мно­гу ра­бо­та и ин­ве­сти­ра­ње во си­те об­ла­сти во оп­штес­тво­то, вклу­чи­тел­но и ин­ве­сти­ра­ње во ин­фра­стру­кту­ра­та и во транс­порт­на­та мре­жа би­деј­ќи тоа прет­ста­ву­ва ин­ве­сти­ра­ње во по­до­бра де­лов­на кли­ма, во сто­пан­ски­от по­раст на др­жа­ва­та, во не­пре­чен и брз про­ток и, во­општo, во по­до­бру­ва­ње на ква­ли­те­тот на жи­во­тот на гра­ѓа­ни­те – по­ра­ча пре­ми­е­рот на Де­нот на не­за­вис­но­ста.

 

Све­че­на­та ака­де­ми­ја е ме­сто за си­те

Чес­тву­ва­ња­та на го­ле­ми­те праз­ни­ци се мо­мен­ти од кои се упа­ту­ва­ат по­ра­ки за гра­ѓа­ни­те, за по­ли­тич­ко-оп­штес­тве­ни­те деј­ци, јав­но­ста, до­маш­на и во странс­тво. Не слу­чај­но од Све­че­на­та ака­де­ми­ја беа упа­те­ни збо­ро­ви­те де­ка са­ми­те сме од­го­вор­ни за сво­ја­та суд­би­на. Са­ми­те ги кро­и­ме на­ши­те по­ли­тич­ки по­те­зи. Са­ми­те се гри­жи­ме за Ма­ке­до­ни­ја, упа­те­ни од пре­тсе­да­те­лот на Со­бра­ни­е­то. И де­ка не­ма по­зас­луж­ни и по­мал­ку зас­луж­ни пар­ти, па ток­му за­тоа 8 Сеп­тем­ври тре­ба да би­де де­нот на кој тре­ба да го сла­ви­ме и да го пот­тик­ну­ва­ме на­ше­то единс­тво и со­ра­бо­тка.

Ос­ми сеп­тем­ври е де­нот ко­га, ка­ко ре­тко ко­га, по­ка­жав­ме др­жав­но единс­тво, на­ро­ден пле­бис­цит гла­сај­ќи за са­мо­стој­на, су­ве­ре­на и за не­за­вис­на Ма­ке­до­ни­ја. 8 Сеп­тем­ври е нај­го­ле­ми­от сим­бол и на искре­ни­от ди­ја­лог, со­ра­бо­тка и раз­би­ра­ње ме­ѓу раз­лич­ни­те по­ли­тич­ки пар­тии. Не­за­вис­но­ста на Ма­ке­до­ни­ја е на­ше за­ед­нич­ко де­ло, зас­лу­га на си­те по­ли­тич­ки пар­тии. Не­ма по­зас­луж­ни и по­мал­ку зас­луж­ни пар­тии – до­да­де пр­ви­от пар­ла­мен­та­рец.
За­тоа, 8 Сеп­тем­ври тре­ба да би­де де­нот на кој тре­ба да го сла­ви­ме и да го пот­тик­ну­ва­ме на­ше­то единс­тво и со­ра­бо­тка. Ос­ми сеп­тем­ври не е праз­ник са­мо на под­др­жу­ва­чи­те на ед­на или на дру­га пар­ти­ја. Ос­ми сеп­тем­ври е праз­ник на си­те на­ши пар­тии. Ос­ми сеп­тем­ври е нај­го­ле­ми­от по­ли­тич­ки ус­пех, ка­ко на ВМРО-ДПМНЕ, та­ка и на СДСМ – до­да­де Ве­ља­нов­ски.

Из­во­ју­ва­на­та др­жав­ност мо­ра­ме да ја со­чу­ва­ме. Мо­ра­ме уште по­ве­ќе да ги уна­пре­ду­ва­ме вкуп­ни­те окол­но­сти во Ма­ке­до­ни­ја. Ме­ѓу­тоа, сѐ е по­те­шко до­кол­ку отсус­тву­ва единс­тво­то. Се­ко­ја цел е по­да­леч­на до­кол­ку не сме обе­ди­не­ти. Мо­ра­ме да ги над­ми­ну­ва­ме на­ши­те раз­ли­ки, да го раз­ви­ва­ме ди­ја­ло­гот, да офор­му­ва­ме кон­ку­рент­на по­ли­тич­ка по­ну­да, да се нат­пре­ва­ру­ва­ме со идеи, да пра­ви­ме сѐ што е во на­ша моќ за мно­гу по­ве­ќе пар­ти­и­те да се до­жи­ву­ва­ат ка­ко кон­ку­рен­ти, а не ка­ко не­при­ја­те­ли, да си по­да­де­ме ра­ка не­за­вис­но од тоа на ко­ја пар­ти­ја ѝ при­па­ѓа­ме!
На­ша­та нај­го­ле­ма пар­ти­ја оста­ну­ва да би­де Ма­ке­до­ни­ја – ме­ѓу дру­го­то, по­ра­ча во сво­е­то обра­ќа­ње пре­тсе­да­те­лот на ма­ке­дон­ско­то со­бра­ние, Трај­ко Ве­ља­нов­ски.

Оваа по­ра­ка на Ве­ља­нов­ски од Све­че­на­та ака­де­ми­ја ја слуш­наа пре­тсе­да­те­лот на вла­да­та, Ни­ко­ла Гру­ев­ски, ми­ни­стри, пре­тсе­да­те­лот на др­жа­ва­та, Ѓор­ге Ива­нов, прет­став­ни­ци од дип­ло­мат­ски­от кор. Не ја слуш­на са­мо опо­зи­ци­ја­та и чле­но­ви­те на пар­ти­и­те на Али Ах­ме­ти и на Мен­дух Та­чи.

Не е за уте­ха, но од исто­ри­ски ас­пект, овие го­ди­ни на под­во­е­ни прос­ла­ви мо­же да се оста­ват зад нас. Да се од­би­јат на, се­пак, мла­до­ста на плу­ра­лиз­мот. И ко­га в го­ди­на од цен­трал­на­та све­че­ност за Де­нот на не­за­вис­но­ста ќе се упа­тат по­ра­ки за пре­диз­ви­ци­те кон за­ед­нич­ка­та ид­ни­на во ЕУ и во НА­ТО, зад неа да стои си­от по­ли­тич­ки по­тен­ци­јал во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја.

 

(Пишува: Наум Стоилковски
Текст објавен во 106. број на неделникот „Република“, 12.09.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top