Бразилскиот интернационалец во редовите на Бастија, Брандао, доби висока казна поради инцидентот по натпревартот од второто коло во францускиот фудбалски шампионат меѓу ПСЖ и Бастија.
Тој по завршувањето на натпреварот во тунелот пред соблекувалните го нападна играчот на ПСЖ, Тијаго Мота и со глава му го скрши носот, по што беше суспендиран. Денеска тој ја дочека заслужената казна од шест месеци и ќе трае до 22 фебруари 2015 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.