| четврток, 6 декември 2018 |

Путин се заканил: Ако сакам, руската војска за два дена ќе биде во Варшава и во Букурешт

путин-4-

Да сакав, руските трупи можеа за два дена да бидат не само во Киев, туку и во Рига, Вилнус, Талин, Варшава и Букурешт, се заканил неодамна рускиот претседател Владимир Путин за време на телефонскиот разговор со украинскиот претседател Петро Порошенко. Порошенко открива дека заканата на Путин ја сфатил сериозно и ја пренел на претседателот на ЕК, Жозе Мануел Баросо, кога дошол во посета на Киев минатиот петок.

Кон крајот на август Путин на сличен начин му упати закана и на Баросо.

– Ако посакам, Киев можам да го зазедам за две недели – рекол тогаш Путин реагирајќи на најавата за нови санкции на Европската унија кон Русија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top