| четврток, 6 декември 2018 |

Масакр во САД: Ги убил ќерката и шесте внучиња, па себе

Don Spirit Mugshot from 2001Осум луѓе се убиени во масакрот што вчера беше извршен во местото Бел, во американската сојузна држава Флорида, јавуваат американските медиуми.

За сега не се познати околностите под кои е извршен грозоморниот чин, а полицијата потврди дека меѓу убиените се шест деца, од кои најстарото имало десет години, а најмалото имало само три месеци. Според шерифот на округот, масакрот го извршил 51-годишен Дон Спирит кој најпрво ја усмртил ќерката, а потоа и шесте внучиња, за на крај самиот да си пресуди.

Полицијата ја викнал лично убиецот, кој се застрелал откако дошле полицајците на самото место.

Мотивите не се јасни. Локалните медиуми објавиле информација дека убиецот пред десетина години веќе лежел во затвор за убиство. Полицијата потврдува дека имал криминално досие, но не кажа повеќе детали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top