Стотици млади лица денеска се судрија со полицијата во Атина за време на маршот одржан во знак на сеќавање на раперот Павлос Фисас, кој пред една година беше убиен од страна на припадник на неонацистичката партија Златна зора.
Инцидентот се случил во атинското предградие Керацини каде лани беше нападнат и убиени раперот Фисас, кој беше познат под името Кила Пи.
При денешните судир се искршени излозите на повеќе продавници, а демонстрантите подметнаа пожари во неколку контејнери кои ги користеа како барикади пред полициските сили, кои пак употребија солзвец за да ги растераат насилниците.
При инцидентите е поведен еден случаен минувач.
Фисас (34) беше убиен пред едно кафуле во близина на неговиот дом од страна на активистот на Златна зора, Јоргос Рупакијас, кој се наоѓа во притор во очекување на судскиот процес против него под обвинение за убиство.
Смртта на Фисас доведе до неколкудневни антифашистички протести, што ја натера државата да преземе казнени мерки против Златна зора и нејзините лидери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!


