Вработените во Фершпед во отворено писмо изразуваат незадоволство од работењето на нивната компанија, пишува „Нетпрес“ и се оградува од ставовите на вработените изнесени во писмото, но во интерес на информирање на јавноста го пренесуваме дописот во целост:
„Поттикнати од вчерашните вести за одредени случувања во Основен суд 2, решивме јавно да го искажеме ставот кон нашиот ’ценет‘ газда Драган Наков.
Сите ние што застанавме на страна на семејството Наков во битката со Кираца Трајковска излеговме најголеми магариња! Ги подржавме лоповите Накови за сега да не бркаат од работа, секој месец да ни кратат од плата и да нè казнуваат без причина. Сега веќе ништо не ни остана, сега се плашиме од уцените. Затоа јавно кажуваме дека е време Накови да дадат отчет.
Како со парите на Фершпед ги враќаат заемите на тие роднини од кои зајмија во јануари?! Како мислат да се раздолжат со Стојан Настевски?! Како Фершпед тоне, а со него тонеме и ние и нашите фамилии?! Да обелоденат како во текот на август оваа година Фершпед даде заем од 6.600.000 ден. на Наташа Милева, Марина Симоновски и Снежана Митевска (блиски луѓе на Драган Наков). Сигурни сме дека истите заеми во истиот момент им се врачени во готовина на таткото и на синот Накови. Да дадат отчет не само за овие, туку за сите исплати и трансакции направени под сомнителни околности преку Лотарија, Фершпед и Сковин насочени на физички и правни лица. За Драган Наков очигледно е дека најбитно му е да лапне провизија од фирмите, да го доведе Фершпед до пропаст и да ги стави парите во свој џеб.
Како спијат тие луѓе?
Нас вработените (особено Драган Наков) нè уништуваат, пцујат и, буквално, нè тероризираат, а со наши пари се богатат и ги развиваат матните бизниси. Со навреди, пцости и буквален терор, кој го трпиме со години, плашејќи се јавно да го кажеме нашето незадоволство. Страв дека ќе нè уништат! Кога ќе дојде крај на сето ова? Ќе дојде набрзо времето кога сè ќе се обелодени, секоја матна трансакција, секое зло нанесено врз многу семејства. Ги повикуваме сите што имаат каква било информација за сомнителните зделки на Штерјо и на Драган Наков да решат јавно да се изјаснат пред МВР, Финансиска полиција и медиуми, пред да биде предоцна за сите нас. Сите да дознаат како Накови се збогатија и ден денес се богатат на наш терет,а во исто време континуирано и свесно уништувајќи го Фершпед и нашите години и труд вложени во компанијата.
Во прилог ви ја доставуваме оставката на еден од најстручните и најценетите менаџери, за сами да се уверите што се случува во некогаш најуспешната компанија во Македонија.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.





