
Македонија и Косово во оваа и во наредната година ќе забележат најголем економски раст меѓу земјите во регионот, се вели во најновиот извештај на Европската банка за обнова и развој за економијата во Југоисточна Европа.
Македонската економија годинава ќе порасне за три проценти, а толкав раст се очекува и во 2015 година. Поголем раст ќе има само Косово од 3,5 отсто.
ЕБОР ги ревидира проекциите за растот на БДП на повеќето земји во регионот. Србија и Хрватска годинава ќе имаат пад од -0,5 отсто, Босна и Херцеговина наместо претходно прогнозираните 1,8 ќе има раст од 0,2 отсто, проекцијата за Бугарија е намалена од 1,9 на 1,5, а Албанија и Цна Гора ќе забележат раст од 1,7 односно три отсто.
За целиот регион Банката ја ревидира проекцијата од 2,2 на 1,9 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


