
Најпознатиот интернет пребарувач, Гугл, денеска своето лого го посвети на Мириам Макебе, јужноафриканската пејачка и активистка, позната уште и како Мама Африка, која е родена на денешен ден пред 100 години. Макеба е позната по тоа што беше голем борез против апархејдот и поради тоа јужноафриканските власти ја протераа од земјата.
Макеба е родена во Јоханесбург на 4 март 1932 година како Зензиле Мириам Макеба. Нејзината мајка била од етничката заедница Свази, а таткото, кој починал кога таа имала само шест години бил член на заедницата Ксоса. Работела како композиторка и пејачка во многу филмови, а еден од нив е и легендарниот „Боговите паднаа на теме“. Освои и награда „Греми“. Во 60-те година живела во САД, а потоа се преселила во Гвинеја. По разводот решила да живее во Европа, а во Јужна Африка се вратила откако се укинал апархејдот. Починала во 2008 година во Италија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


