| четврток, 6 декември 2018 |

Овој месец бесплатни прегледи за рак на дебело црево

Во последната декада двојно е зголемен бројот на заболени од рак на дебело црево и во овој месец сите граѓани ќе можат бесплатно да се прегледаат. Раното откривање на ракот на дебелото црево се прави преку тестови за скриено крварење во изметот. Тестовите се подигаат кај матичните лекари и во центрите за јавно здравје, а во минатата година на овој начин ракот бил откриен кај 29 пациенти, а кај седуммина биле утврдени полипи.

Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство и здружението „Борка“ почнуваат кампања „Не смислувајте изговори“ во која ќе бидат опфатени ризични групи граѓани на возраст од 50 до 74 години.
Овој вид на рак деновиве беше откриен и кај 26-годишна девојка.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top