| четврток, 6 декември 2018 |

Официјално потврдена доживотната пресуда на меѓународниот терорист Карлос Чакала

karlos cakala

Француски суд ја отфрли последната можна жалба на меѓународниот терорист од 70-тите и 80-тите години на минатиот век Илич Рамирес Санчес, познат како Карлос Чакала, со што официјално е потврдена неговата доживотна казна затвор за четири напади во Франција пред околу 30 години.

Пресудата беше објавена на 26 јуни 2013 година од суд во Париз.

Карлос е осуден на доживотен затвор за извршување на четири бомбашки напади во Франција, во кој се убиени 11 лица, а околу 150 се повредени.

Во 1997 година тој е осуден на доживотна казна затвор за убиство на три лица, меѓу кои двајца полицајци, извршено во Париз во 1975 година.

Шеесет и четири годишниот терорист, кој е роден во Венецуела, веќе 20 години се наоѓа во француски затвор, откако е уапсен во Судан во август 1994 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top