| четврток, 6 декември 2018 |

Семејството на Дениса: Помогнете ни, наместо да ни ја зголемувате болката

C9A5C8AFCF2BA942906E32E9E61E8B15

Дел од медиумите денес објавија дека исчезната 23 годишна Македонка, Дениса Маркоска се самоубила, скокајќи од палубата на брод.

Во изјава за порталот „Бриф“, семејството ги замоли медиумите ако може да помогнат во нејзиното пронаоѓање, но без да шират шпекулации.

– Ги молиме медиумите да не шпекулираат и да не пишуваат сензационалистички информации. Вистината е дека не се знае што се случило со Дениса. Грчката полиција на Крит случајот го води како исчезната. Ние бараме одговори и вистина. Единствена вистина во моментов е дека Дениса е исчезната од брод во движење, а истрагата е спроведена со многу пропусти и недоследности. Новинари, ве молиме известувајте точно, барајте одговори од институциите. Помогнете ни, наместо да ни ја зголемувате болката. Известете ги вашите колеги новинари во Грција и Русија, барајте одговори и престанете со сензационализам и шпекулации- вели семејството на исчезнатата Дениса за „Бриф“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top