| четврток, 6 декември 2018 |

Давутоглу: Со веронаука против исламскиот радикализам

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу денеска ја осуди одлуката на Европскиот суд за човекови права со врска со задолжителните часови по веронаука во училиштата, оценувајќи дека отсуството на таквата настава би довело до исламска радикализација на Турција по примерот на Сирија и Ирак.

Ahmet-Davutoğlu

– Ако погледнете што се случува во опкружувањето на Турција, ќе видите дека веронауката е неопходна. Ако државата не обезбеди правилно верско образование, може да се соочиме со радикализација како што имаме случај во нашето опкружување, изјави Давутиоглу, алудурајќи на зајакнувањето на џихадистичката група Исламска држава во Ирак и во Сирија.

Европскиот суд за човекови права вчера побара од Турција да ги промени законските обврски за задолжителна веронаука во училиштата, бидејќи со посточеките решенија, според судската одлука, се крши правото на образование.

Според турските закони, од посетување на часови по муслиманска веронаука се ослободени само децата на христијаните и евреите, но не и на припадниците на верското малцинство алевите.

Судот, кој решаваше по жалба на група припадници на алевитската заедница, реши дека принудувањето на децата на алевите за задолжително посетување на наставта по муслиманска веронаука, кај нив може да предизвика „конфликт меѓу она што го учат и нивните сопствени вредности“ и да влијае врз нивните „верски и филозовски убедувања“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top