Тренерот на Барселона Луис Енрике за шпанските медиуми истакна дека не го интересира како работат другите клубови, а на ривалите им посака да губат на секој натпревар.
– Не ме интересира што прават другите. Сакам мојот тим да игра најдобар фудбал на светот. А ако сакате да бидам искрен, им посакувам на нашите ривали да го изгубат секој натпревар. Ние ќе се сконцентрираме само на себе, изјави Енрике.
Барселона е лидер во шпанската Примера со максимални 9 бодови по три одиграни кола, а вечерва ќе го одигра првиот дуел во новото издание на Лигата на шампионите. На „Камп Ноу“ ќе гостува АПОЕЛ од Кипар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.