Директорот на компанијата „Мач Груп“, која е компанија од областа на земјоделството и прехранбената индустрија, Атај Мач ја објави одлуката на својата компанија за реализација на инвестиција во Република Македонија.
Тој својата одлука ја објави откако македонската владина делегација предводена од премиерот Груевски, одржа бизнис форум во Анкара.
-Ги истражуваме условите за инвестирање во Македонија две години и донесовме заклучок дека тоа е најдоброто место за инвестирање во регионот. Имаме фабрики и капацитети во Турција и размислуваме за проширување на нашиот бизнис во Европа и истражувајќи во повеќе држави дојдовме до сознанието дека Македонија е најсоодветна. Гледаме огромен потенцијал во Македонија. Купивме земјиште и сега планираме да започнеме со изградба на фабрика во Скопје. За понатамошните планови најпрво сакаме да изградиме откупен центар во Скопје и откако ќе го завршиме планираме да инвестираме во земјоделие и во добро земјиште кое ќе ни донесе приноси – изјави Атај Мач.
Тој истакна дека инвестицијата која ја планираат е во општината Илинден и е во вредност од 3 милиони евра.
Членот на извршниот одбор на Унијата на комори и стокови берзи на Република Турција (ТАББ), Џенгис Ѓунај изрази задоволство што овие посети на високо ниво се почести и тие придонесуваат несомнено за продлабочување на меѓусебните односи на планот на економијата.
-Потпишувањето на договорот за слободна трговија меѓу Турција и Македонија создава одлични економски потенцијали и можности за трговија со помали трошоци. Tурската економија е во развој и многу турски компании инвестираат на Балканот. Од друга страна Македонија на полето на привлекување на инвестиции направи многу. Турција го развива банкарскиот сектор, металската, прехранбената и текстилната индустрија. Македонија веќе профитираше од овие инвестиции иако постојат и повеќе други потенцијали кои може да се искористат – изјави Џенгис Ѓунај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски