Аргентискиот интернационалец и поранешен играч на Мајорка и Њукасл Џонас има рак на тестиси и му претстои најголемата борба до сега.
Аргентинецот кој има 20 настапи за својата репрезентација сам си го плаќа лекувањето во родната земја, а најголема подршка добил од соиграчите Колочини и Ханце.
Тој има погрешна дијагноза за болеста повеќе од шест месеци. Докторите во клубот подолго време погрешно го лечеле без успех.
Откако му е дијагостицирана вистинската причина за болките во тестисите тој бил опериран каде му е отранет едниот тестис, а хемотерапијата е при крај.
– Најлошото помина, но и понатаму ми престои голема борба. Не смеам да се предадам, ова е најважно. Можеби мојата приказна некому ќе му помогне – изјави популарниот „Пајак“.
Во Њукасл помина шест години и има забележано 177 настапи и постигнато 17 голови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.