| четврток, 6 декември 2018 |

Андрес Иниеста – 18 години во Барселона

Одличниот играч за врска во Барселона и шпанската фудбалска репрезентација Андрес Иниеста денеска слави 18 години престој во каталонскиот гигант.
Иако не е каталонец и на само 12 годишна возраст го напуштил родителскиот дом во Албасете, сите навивачи на Барселона го сметаат за „свој“.
На денешен ден пред 18 години тој првпат беше примен во тренинг центарот на младинската школа „Ла Масија“ и од тогаш го гради патот на фудбалска икона во цела Каталонија.
За првпат го облече дресот на првиот тим во 2001 година и од тогаш одигра повеќе од 500 натпревари, освои шест првенства на Шпанија, трипати се заќити со титулата европски шампион во Лигата на шампионите, а е освојувач и а европското и светското првенство за својата земја.

– Секогаш ќе се сеќавам на првиот ден во „Ла Масија“. Тоа беше одлука која ми го трасираше патот до успехот и ми го промени животот – се сеќава Иниеста.

Во Барселона се ожени со Каталонката Ана и има ќерка Валерија. Толку е одомаќинет во Каталонија што и самиот Иниеста се чуствува како Шпанец и Каталонец.
За Шпанската фудбалска репрезентација има 100 настапи и има постигнато 11 гола, додека има дебитирано и за Каталонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top