Претседателот Иванов по повод Денот на независноста на Република Македонија доби честитки и од голем број шефови на држави од светот.
Во честитката која што македонскиот претседател ја прими од грчкиот претседател, Н.Е. Каролос Папуљас се наведува: „Во името на грчкиот народ, ви упатувам честитки по повод Националниот ден, со најискрени желби за мир, напредок и просперитет на Вашата држава“.
Претседателот на Народна Република Кина, Н.Е. Си Џинпинг во својата честитка порачува дека во изминатите неколку години, билатералните односи меѓу Кина и Македонија се развиваа беспрекорно, додавајќи дека кај двете страни и натаму се продлабочува меѓусебната политичка доверба и е постигнат позитивен напредок во соработката на полето на економијата, културата, но исто така и на други полиња. „Високо го ценам развојот на односите меѓу Кина и Македонија и подготвен сум да соработувам со Вас врз основа на начелата на меѓусебно почитување, еднаквост и меѓусебна корист со цел да се зајакне соработката на различни полиња и да се унапреди сеопфатниот и темелен развој на пријателските односи и соработка меѓу Кина и Македонија“, пишува во честитката на кинескиот претседателЏинпинг.
Во честитката на францускиот претседател, Н.Е. Франсоа Оланд се наведува: „Благодарение на вашата посветеност, посакувам забележителниот и брз напредок да и овозможи на Македонија да напредува во процесот за европско приближување и за членство во НАТО. За таа цел многу е важно сите политички чинители од вашата земја да можат да дадат предност на најважниот интерес на Македонија и да учествуваат во работата на Собранието за да се усвојат реформите за кои меѓународната заедница смета дека се неопходни. Посакувам да продолжиме со отпочнатиот дијалог, во рамки на процесот од Брдо, но и на билатерален план, во полза на нашите две земји“, пишува во честитката на францускиот претседател Оланд.
Претседателот на Република Турција Н.Е. Таип Ердоган честитајќи ја 23 годишнината од независноста на Република Македонија изразува увереност дека блиските односи и соработката помеѓу Турција и Македонија, кои што се потпираат на цврсти историски и заеднички вредности, во взаемна корист се повеќе ќе се развиваат на сите полиња и ќе продолжат да придонесуваат за стабилноста во регионот. „Особено би сакал да потенцирам дека со почит ги следиме и ги поддржуваме напорите на Република Македонија околу отстранувањето на пречките пред себе и со сплотувањето во Европа и Евро-Атлантските институции да се придонесе во зацврстување на културата за соработка во Балканските земји“, пишува турскиот претседател Ердоган.
Украинскиот претседател Н.Е. Петро Порошенко посакувајќи мир и просперитет за Република Македонија, во честитката порачува: „Сигурен сум дека пријателските односи меѓу Украина и Република Македонија плодно ќе се развиваат во сите сфери на заемната заинтересираност“.
Претседателот Иванов прими честитка и Н.В. Филип, Крал на Белгија со желби за благосостојба и просперитет на граѓаните на Република Македонија.
Претходно, честитки дo претседателот Иванов по повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија упатија и претседателот на Соединетите Американски Држави, Н.Е. Барак Обама, претседателот на Сојузна Република Германија Н.Е. Јоахим Гаук, претседателот на Република Унгарија Н.Е. Јанош Адер, претседателот на Словачката Република Н.Е. Андреј Киска, претседателот на Арапската Република Египет Н.Е. Абдел Фатах ал-Сиси, генералниот гувернер на Канада Н.Е. Дејвид Џонстон, Н.В. Кралицата Елизабета II, Н.В. Вилем-Александар, Крал на Кралството Холандија, императорот на Јапонија Н.В. Акихито и Кралот на Мароко, Н.В. Мохамед VI.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција