| четврток, 6 декември 2018 |

Момче трачаше маратон на сите континенти и собра 30.000 евра

20140911_inq_smarathon10z-d

Николас Тучек е најмладиот кој истрчал маратон на сите светски континенти и успеал да собере 30.000 евра. Сепак, најинсиративен квалитет на овој 11-годишник е неговото срце, а не неговата физичка подготовка. Николас, со трчање маратон собирал средства за деца за фондацијата која ја отворил неговиот дедо.

Со парите кои ги собрал трчајќи на маратони на сите континенти, повеќе од 2.000 деца ќе добијат нова облека.

– Многу брзо сватив дека не мора да бидете голем, односно возрасен, за да направите некаква промена во светот – изјави Николас.

Неговата цел не е нималку скромна. Тој сака да собере преку 770 илјади евра.

Тој трчал на маратони во Америка, Зимбабве, Швајцарија, Чиле, Австралија, дури и на Антарктик. Послената трка на која настапил е таа во Грузија минатата недела.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top