„Топлификација“ минатата година, и прокај проблемите што ги имаше со наплата на долговите и покривањето на долгот кон „Макпетрол“, како и со отплатата на кредитите, оствари нето-добивка од 28,3 милиони денари (460 илјади евра) за разлика од износот од само 1,75 милион денари од 2011 година, покажува финансискиот извештај на компанијата.
Во текот на годината е остварен приход од продажба на стоки и услуги во износ од 1,5 милијарда денари што е пониско за 24 осто во однос на 2011 година. Во расходите најголемо учество од 1,3 милијарда денари имаат потрошените суровини и трошоците за услуги.
Поранешниот снабдувач со топлинска енергија годинава треба да го наплати и заостанат долг од корисниците на парно во износ од 543 милиони денари, но има и големи обврски кон банките за земени краткорочни кредити во износ од 716 милиони денари.
„Топлификација“ побарува 12,5 милиони евра и за периодот до 2010 година и 12 милиони евра за последните две години. Досега има земено кредити во износ од околу 19 милиони евра.
Компанијата лани ги врати лиценците за парно и даде дел од топланите под наем со вработените на новиот снабдувач со топлинска енергија „Балкан енерџи груп“.
Главна дејност на која „Топлификација“ треба да се ангажира годинава ќе биде бизнисот со природен гас и електрична енергија во кои веќе има искуство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



