| четврток, 6 декември 2018 |

Голото реално шоу веќе се снима и во Хрватска

Шпанската верзија на реалното шоу „Адам и Ева”, во кое кандидатите целосно голи на пуст остров се во потрага по „љубовта на својот живот”, се снима на островот Мљет во Хрватска.

– Во соработка со Хрватскиот туристички одбор во Мадрид, а во продукција на шпанската телевизија „Канал куатро“, голото реалното шоу „Адам и Ева“ од крајот на август се снима на песочната плажа Лимун на островот Мљет – потврди за хрватските медиуми градоначалникот Мљет, Џиво Маркет, кој не го крие своето задоволство.

Шоуто е според моделот на холандскиот оригинал, чија премиера беше во март оваа година и постигна голема гледаност, а Шпанците се надеваат сличен успех.

Во холандскиот „Адам и Ева“ учествува и Хрватка која ја оставила работата во банка, за да го најде својот Адам.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top