Шпанската верзија на реалното шоу „Адам и Ева”, во кое кандидатите целосно голи на пуст остров се во потрага по „љубовта на својот живот”, се снима на островот Мљет во Хрватска.
– Во соработка со Хрватскиот туристички одбор во Мадрид, а во продукција на шпанската телевизија „Канал куатро“, голото реалното шоу „Адам и Ева“ од крајот на август се снима на песочната плажа Лимун на островот Мљет – потврди за хрватските медиуми градоначалникот Мљет, Џиво Маркет, кој не го крие своето задоволство.
Шоуто е според моделот на холандскиот оригинал, чија премиера беше во март оваа година и постигна голема гледаност, а Шпанците се надеваат сличен успех.
Во холандскиот „Адам и Ева“ учествува и Хрватка која ја оставила работата во банка, за да го најде својот Адам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Драма, пари и секс: Богатите Англичани снимија реално шоу на хрватскиот остров Хвар (видео)
-
Што ли ќе прават пред камери: Кумашинката на Заев и Спејко во реално шоу
-
Поранешна светска рекордерка и олимписка шампионка учествува гола во реалното шоу „Адам и Ева“ (видео)
-
Одбојкарки, па и голи, тоа мора да е хит на интернет!


