| четврток, 6 декември 2018 |

Роденденски ручек за децата од Домот „11 Октомври“ и од Детското село

По повод вториот роденден, гостилница „Ла Тана“ организира оригинална роденденска забава, со ручек за штитениците на Домот за деца без родители „11 Октомври“ и СОС Детско село.

Луксузот и помпата одлучивме да ги замениме со хуманост. Детската насмевка и среќа овојпат ќе ни биде најубавиот роденденски подарок – велат од гостилницата.

Роденденот ќе се прославува овој петок со почеток во 12 часот во гостилница „Ла Тана“. За забавата да биде комплетна, освен што ќе уживаат во роденденскиот ручек, дечињата ќе имаат можност да се дружат со Панчо и со Андреј од ДНК.

 

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top