| четврток, 6 декември 2018 |

Утре променливо облачно со повремен дожд

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо, со локални врнежи од дожд и ретки грмежи. Врнежите ќе бидат позастапени во северните и источните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 17, а дневната од 19 до 26 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 22 степена.

Постепена стабилизација на временска состојба со пораст на дневната температура ќе настапи од четврток.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top