| четврток, 6 декември 2018 |

За добар брак мажите треба да ги усреќат жените

Среќен долговечен брак сигурно е комбинација од многубројни фактори, но задоволството на жената секако е една од ткн „мали тајни“ на таквите бракови покажува новото истражување објавено во списанието „Journal of Marriage and Faily“.

Споменатото истражување, имено, покажало дека врз среќа во бракот значително влијае тоа колку со него е задоволна жената. Дебора Кар и нејзините колеги од Универзитетот Њу Џерси, анализирале 400 брачни двојки кај кои сопругата имала барем 60 години и кои во просек траеле 39 години.

За да го утврдата нивото на брачната среќа, експертите се интересирале за чувствата коишто партнерите меѓусебно ги негуваат, па им поставувале прашања како дали нивниот сопружник ги почитува, ги разбира ли нивните чувства или се расправа со нив.

Кар и колегите откриле дека набљудуваните двојки, воопшто, имале високо нивно на животна среќа, што укажува на тоа дека среќата во бракот во многу зависи од среќата во животот воопшто, иако станувало збор за двојки во поодминати години.

Утврдиле, исто така, дека беа оглед на тоа како што се чувствуваат во бракот, тие се општо земено посреќни кога од бракот се позадоволни нивните сопруги. „Кога жената е задоволна со бракот, подготвена е за мажот да пружи многу повеќе, а тоа позитивно влијае врз неговиот живот“, вели Кар.

Студијата, исто така, покажала дека додека жените се помалку среќни кога сопругот им е болен, мажите не го споделуваат тоа чувство кога им се болни сопругите. Тоа може да се објасни со тоа што сопругите најчесто се грижат за своите болни мажи, додека во обратниот случај жените не секогаш се потпираат на своите сопрузи, туку, на пример на ќерките.

„Брачната среќа е променлива категорија и значително зависи од вкупната животна и моментална среќа. Сепак, среќата на мажот и вкупната животна среќа е поголема која неговата сопруга исто така чувствува задоволство од бракот, односно е помала кога жената не е среќана“, заклучуваат ескпертите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top