Седум лица се повредени во сообраќајна несреќа која се случила на патот Катланово – Велес, пишува порталот „Курир“.
Според нивните информации несреќата се случила при судир на два автомобили, „Мерцедес“ со велешки и „Голф“ со странски регистерски таблички. Шест повредени лица се пренесени во велешкта болница, додека жена која била сопатник во „Мерцедес“ е пренесена во Ургентниот центар во Скопје.
Од полицијата велат повеќе детали околу идентитетот на лицата ќе бидат познати по завршување на увидот кој е во тек. Сообраќајот не е во прекин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.