Официјалните лица во Тајланд биле принудени да повлечат илјади учебници по математика бидејќи наместо наставничка, на насловната страница на книгата се појавила порноактерка.
Учебникот „Основи по математика“ е пратен на десет универзитети на Тајланд, а грешката е откриена откако беа дистрибуирани повеќе од 3.000 учебници, пренесуваат британските медиуми.
Во обидот да најде адекватна фотографија за насловната страница на учебникот, издавачот направил грешка, така што на насловната страница ставил фотографија на која е актерката Мана Аоки, која глуми во филмови за возрасни.
Станува збор за јапонска порноактерка која е популарна и е една од оние кои заработуваат најмногу во оваа индустрија во Јапонија.
Издавачот соопшти дека ќе ги повлече сите учебници кои се дистрибуирани и ќе ги замени со нови кои ќе имаат нова насловна страница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Екатимерини: Постигнат е напредок за ревизија на македонските учебниците по историја
-
Бугарија доставила над 30 страници со забелешки за учебниците по историја
-
Повеќе од 330 луѓе загинаа во временските непогоди во Јапонија
-
Доаѓа тајфун, откажани над 100 летови во Јапонија: По поплавите и топлотниот бран нова непогода