Со проектот на Владата „Ало докторе“, кој ќе почне од денеска, граѓаните ќе можат со јавување на телефонскиот број 15-123 да се консултираат за определена здравствена состојба или симптоми што ги чуствуваат.
Во проектот, како што информира во саботата министерот за здравство Никола Тодоров, се вклучени доктори специјалисти со најмалку 10 години искуство што е различно од диспечерите што се јавуваат во Итната медицинска помош, кои се општи лекари, а дел од специјалистите се и штотуку пензионирани доктори.
Појасни дека во проектот се вклучуваат сите директори од скопските клиники и здравствените установо во градот кои ќе работат по една смена во месецот во повикувачкиот центар „Ало докторе“ по четири часа.
– Тоа значи дека секој ден од 18 до 22 часот ќе има по еден доктор, кој што е директор во некоја од клиниките, односно специјалист или доктор на науки со огромно искуство, кој ќе прима повици и ќе дава совети на граѓаните што сметаат дека имаат потреба да се јават на овој телефон – рече Тодоров.
Директорката на Здравствен дом Скопје Татјана Баевска-Вучковиќ појасни дека преку овој број граѓаните од цела Македонија ќе можат да добијат соодветна здравствена услуга преку здравствен совет, симптоматска терапија или пак повикот да биде препратен до Итната медицинска помош.
Повикувачкиот центар за проектот „Ало докторе“ се наоѓа во Итната медицинска помош до поликлиника Букурешт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Филипче се грижи за граѓаните, ама не знае како да стигнат до клиника!
-
Нов скандал во здравството: Отпадна најквалификуваната сестра, прва на листа, а се вработи последната
-
Специјалистите ќе чекаат уште една година за ветената плата од 100.000 денари
-
Панчо лут по приемот на Инфективна: Ако немаш врски на лекар, Господ нека ти е на помош!