Најефикасниот играч на финалето на светското првенство Кајри Ирвинг е избран за (МВП) најкорисен играч на целиот шампионат.
Играчот на Кливленд Кавалирс инаку е од Австралиско потекло, роден е во Мелбурн но израснал во САД каде што студирал на Универзитетот каде што тренер му бил сегашниот селектор на САД Мајк Крижевски.
Ирвинг е роден во 1992 година а висок е 191 сантиметар.
Оваа сезона заработил 7 милиони долари само од договорот со Кавалирс а во 2011 година беше прв пик на НБА драфтот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.