На изборите во Шведска се очекува да победат социјалдемократите, а по четири години откако влегоа во парламентот, крајната десница би можела да направи историски исчекор, покажаа анкетите.
Истражувањата на инстиотутот Југов, направено четири часа пред затворањето на гласачките места, покажуваат дека социјалдемократите освојуваат 29,6 проценти, што би го довело Стефан Лоефтвен на премиерска позиција.
Шведските демократи (крајната десница) според анкетата би требало да станат трета сила во земјата со 10,4 проценти од гласовите. Пред четири години во парламентот влегоа со 5,7. Тој резултат е личен успех за претседателот на партијата Џими Акесон. Напредувањето потсетува на брзиот скок на популарноста на другите десничарски партии во европските држави, како Укип во Велика Британија, францускиот Национален фронт и данската Народна партија.
Анкетата во Шведска покажува дека социјалдемократите, зелените и партијата на левицата заедно би можеле да освојат 44,9 проценти од гласовите, што значи дека ќе ја поминат владејачката коалиција на десниот центар, чии што четири партии ќе освојат 29,3 проценти од гласовите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


