| четврток, 6 декември 2018 |

Меси асистира, Нејмар погодува, Барселона победува

Тандемот Меси-Нејмар беше клучен за победата на Барселона против Атлетик Билбао, во меч за паметење за Каталонците. За првпат играчите на Барса носеа дресови со каталонските обележје, по повод јубилејот на оваа област. Пред 300 година Каталонија ја загуби независноста, па раководството на Барселона побара и доби дозвола од шпанската фудбалска федерација играчите да ги носат дресовите со симболи на Каталонија.

Нејмар со два гола донезе дополнителна радост на трибините, а на двапати му асистираше Меси. Двата гола беа постигнати во второто полувреме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top