
Во Битола вечер свечено ќе биде отворен 35. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, на кој до 19 септември ќе бидат прикажани 76 филмови во неколку програми. Од нив 11 се во главната програма во трка за наградите „Камера 300“ (Златна, Сребрена и Бронзена).
Мотото на фестивалот е „Кон ѕвездите“, а ѕвезда на годинашниот ИФФК е една од најпознатите и најнаградувани светски актерки, оскаровката Жулиет Бинош. Нејзе ќе и биде врачена Специјална награда „Златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност. Фестивалот ќе биде отворен со најновиот филм во кој глуми Бинош – „Облаците на Силс Марија“.
Годинашни лауреати-кинематографери се Крис Менџис, добитник на „Златна камера 300“ за животно дело и Лука Бигаци, добитник на Специјалната награда „Златна камера 300“. Во нивна чест ќе бидат прикажани филмовите „Читачот“ и „Големата убавина“.
На 35. ИФФК се и премиерите на два македонски филма: „До балчак“ на Столе Попов, на втората фестивалска вечер, и „Децата на сонцето“ на Антонио Митрикески, на затворањето на фестивалот на 19 септември.
Во соработка со Европската асоцијација на кинематографери (ИМАГО) на 18 септември ќе биде одржана Третата белканска конференција на кинематографери во рамки на ИФФК.
Наградата „Златна ѕвезда“, која лани ја воведе Друштвото на филмски професионалци на Македонија, ќе му биде доделена на Милчо Манчевски, кој пред 20 години со „Пред дождот“ освои „Златен лав“ во Венеција. Во чест на Манчевски ќе бидат прикажани и „Прашина“, „Сенки“ и „Мајки“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
39. издание на ИФФК „Браќа Манаки“: Квалитетна филмска програма и големи имиња на светската кинематографија во Битола
-
Фестивалот „Браќа Манаки“ до Лабина Митевска: Изненадени сме од незадоволството искажано во медиумите од страна на продуцентката
-
Филмот „Забава“ на Сали Потер и кинематограферот Алексеј Родионов пред битолската публика
-
Францускиот кинематографер Пиер Лом е добитник на Златна Камера 300 за животно дело на „Браќа Манаки“


