Во момент кога француската армија премина во нова етапа во воените акции во Мали против исламистичките групи, семејствата на заложниците што се наоѓаат во рацете на исламистичките групи побараа од Париз да покаже волја за преговори.
Франција треба да и даде на АКМИ (Ал Каида за исламски Магреб) јасни сигнали покажувајќи дека има желба да преговара, во врска со претпријатијата „Арева“ и „Винци“, стои во соопштението на семејствата на четворицата француски заложници киднапирани на 16 септември 2010 на северот од Нигер, во Арлит каде што работеа на ископ на ураниум.
– Денес, ние сметаме дека воените операции и употребата на сила нема да успеат да ги спасат заложниците – вели Рене Роберт, дедо на Пјер Легран, еден од четворицата заложници кој е во рацете на АКМИ.
– Ние сакаме денес да бидат дадени јасни сигнали на АКМИ дека има волја за преговори, додава тој во изјава за француски медиуми.
Париз повеќе пати преку изјави на претставници на владата тврди дека нема да преговара со терористите. Загриженоста на семејствата за заложниците, кои најверојатно се наоѓаат на северот на Мали, е поголема бидејќи во Франција доаѓаат информации за елиминацијата на некои од лидерите од исламистичките групу, кои беа одговорни за грабнувањата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.