| четврток, 6 декември 2018 |

Тече рокот за даночна пријава до УЈП

ujpНад 30 илјади граѓани досега доставиле до Управата за јавни приходи Годишна даночна пријава. Рокот истекува на 15-ти овој месец и се очекува 200 илјади граѓани да ги пријават дополнителните приходи.

Даночна пријава досега доставиле 30.933 лица. Обврска да поднесе има секој граѓанин кој во текот на 2012 година остварил приход од кирија, авторски договор или други права од индустриска сопственост; од дивиденда или камати по основ на заем, капитална добивка од продажба на хартии од вредност на Берза, учество на капитал и недвижен имот, добивка од игри на среќа, од спортско обложување, лото, ТВ наградни игри, лични примања од странство, од работен ангажман во амбасада или ако оствариле други приходи.

Од Управата апелираат да не се чека последниот момент за поднесување Годишна даночна пријава. Пријавата може да се поднесе на шалтерите на УЈП или електронски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top