| четврток, 6 декември 2018 |

Оштетено уште едно македонско возило во Грција

Во текот на вчерашниот ден, на граничниот премин „Стар Дојран“ е пријавен нов случај на оштетување возило  на македонски државјанин.

skrseno staklo

Случајот е пријавен од страна на лицето Т.Д. од Скопје  во чија сопственост е возилото марка „форд ескорт“ на кое е скршено  задното стакло од десната страна на возилото.

Оштетувањето се случило на 10.09.2014 година во туристичкото место Неа Каликратија, Р. Грција. Сопственикот на возилото го пријавил случајот во грчката полиција.

Со овој нов случај на оштетувања бројката на вкупно оштетени возила за оваа година достигна вкупно шест, а досега се регистрирани и тринаесет кражби  на регистарски ознаки, со што забележуваме континуитет на проблеми од ваков карактер со кои мошне често се соочуваат  македонските туристи во Р. Грција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top