| четврток, 6 декември 2018 |

Откриена тајна: руски војници се погребуваат тајно

231428_ruske-specijalne-jedinice-vojska-01-foto-afp-kazbek-basayev_f

Људмила Малинина, жителка на Судиславски во регионот Костром во централна Русија сведочи за тајни погреби на руски војници загинати во Украина, кои се одвиваат среде ноќ, во нејзиниот град. Во сведоштвата ѝ се приклучиле и нејзините соседи, кои се чуделе на погребите среде ноќ, за потоа да си ја отворат душата и руски војници.

Вестите за тајни погреби на војници загинати на боиштата во Украина се сѐ почести во Русија. Многу синови, татковци, сопрузи се водат како исчезнати додека некои од преживеаните им телефонираат на своите сопруги молејќи ги да ги извлечат од воените ужаси, додека тела на војници се враќаат во ковчези во градовите Нижни Новгород, Псков, Мурманск, Дагестан и други, пишува „Њузвик“.

Еден од војниците што служел на боиштата во Украина во телефонско интервју за весникот вели дека минатиот август му бил „најдолг во животот“.

– Што ми беше најтешко? Пријателите и соборците што умираат или остануваат без делови од телото секој ден, ранети во болницата во Ростов, трупови што со ковчези се испраќаат во авиони, страв да не бидам еден од нив. Кога не ставија во воз во Ростов минатиот месец немав поим дека одам на првата линија на фронтот. Никој ништо не ми рече. Имам жена и две деца и многу се грижам дали ќе се вратам во еден дел – вели еден припадник на падобранската дивизија на руската војска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top