Министерството за транспорт и врски ќе ѝ додели на општина Центар на трајно користење земјиште за изградба на градинка.
Станува збор за локација со површина од 5.320 метри квадратни во населбата Капиштец, на местото на сегашната градинка „Кочо Рацин“.
Изградбата на оваа градинка претставува барање на жителите на населбата Капиштец и како ресорно Министерство и Влада ги овозможуваме сите предуслови за реализација на еден ваков проект. Она што го очекуваме од градоначалникот на општина Центар е што поскоро да ја изгради градинката, согласно неговите надлежности, истакна министерот на траснпорт и врски Миле Јанакиески на денешната прес-конференција.
За изградбата на градинката, општина Центар ќе биде ослободена и од плаќање комуналии.
Со ова сакаме да допринесеме за подобрување на условите за живеење на граѓаните во општина Центар и да допринесеме за реализација на проекти што се од јавен и фундаментален интерес за граѓаните. Не сакаме Градот Скопје да биде кочничар во реализација на проекти на општина Центар, рече градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.