Театарот за деца и младинци новата сезона 2014-2015 ја започнува со гостувања во три града – Крушево, Гостивар и Кочани, во рамките на заложбите на Министерство за култура, театрите во текот на годината да остваруваат гостувања во внатрешноста на државата, посебно во средините кои немаат професионални театри.
Театарот за деца и младинци ќе оствари четири гостувања, три во втората половина на септември и уште едно гостување, кое ќе се реализира до крајот на годината, соопштуваат од Театарот.
На 14 септември, недела, во Крушево театарот ќе ја одигра претставата „Зрното грашок и принцезата“ во Театар Крушево, во 14 часот. На 17 септември, среда, ќе гостува во Гостивар каде што ќе ја одигра претставата „Македонска приказна“ во Центарот за култура АСНОМ, во 12 часот. На 23 септември, вторник, Театарот ќе гостува во Кочани, со претставата „Цветната улица“ во Центарот за култура „Бели мугри“ во 16.30 часот.
Претставата „Нашиот клас“ на 12 октомври ќе гостува и на Интернационалниот фестивал „Јоакиминтерфест“ во Крагуевац, Србија, претставата ќе се одигра во Књажевско Српски Театар.
Со редовниот репертоар Театарот за деца и младинци ќе започне на 25 септември, четврток, со
претставата „Пипи Долгиот Чорап“ во 19 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Театар за деца и младинци ќе го прави првиот македонски мјузикл за деца
-
Кренаре Невзати- Кери го постави Шекспир за деца во Театарот за деца и младинци
-
Театар за деца и младинци ја подготвува претставата „Сонот на Вилијам“ посветена на Иван Ивановски (фотогалерија)
-
Стотта изведба на „Цветната улица” на Театарот за деца и младинци