| четврток, 6 декември 2018 |

Голема акција на босанската полиција – уапсени и двајца министри

Четиринаесет лица се уапсени, меѓу кои и двајца министри во владата на Федерацијата БиХ и еден пратеник во големата акција на босанската полиција против организиран криминал со трговија со месо.

Исто така во акцијата „Месо“ се уапсени и двајца браќа кои воделе семеен бизнис во месната индустрија. Истражителите извршиле претрес и во неколку фирми. Според првичните информации од обвинителството на БиХ, оваа криминална група ја оштетила државата каса за речиси 6 милиони евра преку фиктивен увоз на месо наменето за преработка.

Сите приведени се изнесени пред истражен судија кој треба да одлучи дали ќе им одреди мерка притвор.

provodjenjeLijanovicKLIXBA

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top