Фондацијата на Бил и на Мелинда Гејтс ќе вложи 50 милиони долари за борба против вирусот на ебола, заедно со десетте милиони долари, кои веќе ги инвестираше за истата цел.
Смртоносниот вирус стана причина за смртта на повеќе од две илјади лица во западна Африка од почетокот на годината и беше прогласен за глобална закана од Светската задравствена организација.
Фондацијата, чиешто седиште е во Сиетл, ќе им достави средства на ОН, СЗО, Американскиот центар за контрола и превенција на болести и на меѓународни организации, кои се борат против ширењето на болеста.
Финансирањето ќе биде искористенои за купување лекови и за развивање вакцини, терапии и методи за дијагностика.
Од Фондацијата коментираа дека оваа одлука ја донеле по апелот на генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун за собирање 600 милиони долари за борба против еболата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


